Европа
Дванаесет азербејџански војници убиени во Нагорно Карабах
Дванаесет азербејџански војници се убиени во невообичаено жестоките судири во Нагорно Карабах, и ерменските сили урнале хеликоптер во овој регион околу кој се спорат двете земји, соопштија во саботата вечерта во Баку, додека силите на непризнаената република загубиле 18 војници.
„Дванаесет азербејџански војници се убиени во судирите, а ерменските сили урнаа хеликоптер ‘М-24’ и уништија тенк“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Азербејџан. Се додава дека азербејџанската војска ја повртила контролата над „два стратешки рида и едно село“ во Нагорно Карабах.
Според официјален Ереван, пај, Азербејџан во петокот навечер започнал напад на границата на Нагорно Карабах со тенкови, артилерија и хеликоптери, при што загинало едно 12-годишно дете, а Баку вели дека само одговорил на напад од ерменската страна.
Во судирите со Азербејџан, војската за одбрана на Наорно Карабах загубила 18 војници и околу 35 се ранети, изјави ерменскиот претседател Серж Саргасјан, во саботата вечерта по завршувањето на заседанието на националниот Совет за безбедност. „Не се знае во што може да прераснат овие настани“, вели Саргасјан.
Рускиот претседател Владимир Путин повика во саботата на итен прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан на границата на Нагорно Карабах, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот Путин ги повика двете страни итно да го прекинат огнот и да покажат воздржаност за да се избегнат нови жртви“, изјави Песков по невообичаено интензивните борби ноќта кон саботата меѓу азербејџанските и ерменските сили на границата.
Нагорно Карабах е регион административно сместен во рамките на Азербејџан во времето на Советскиот сојуз кој е главно населен со Ерменци. Конфликтот започна во февруари 1988 година кога Нагорно-Карабашката автономна област прогласи самостојност и истапување од тогашната Азербејџанска ССР. На почетокот од 1990-те кога се распадна СССР, ерменските сепаратисти успеаја да ја преземат контролата над таа област во војна во којашто загинаа 30.000 луѓе.
Војната заврши со примирје во 1994 година, а до 1992 година се водат преговори во рамките на мисијата на ОБСЕ во Минск. Азербејџан инсистира на зачувување на територијалниот интегритет, а Ерменија ги застапува интересите на отцепената република, додека самопрогласената Нагорно-Крабашката република чиј центар е Степанакерте не е страна во преговорите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.