Контакт

Европа

Две гранати истрелани од Украина паднале на територијата на Русија

Објавено пред

Рано во средата на територијата на Русија, во близина на граничниот премин Куибјашево, паднале две гранати кои биле истрелани од Украина, истакна претставник на пограничната служба за јужна Русија, Рајан Фарукшин, пренесува Итар – Тасс.

Вработените на граничниот премин Куибјашево биле евакуирани од зградата на царинската управа во седум часот и педесет минути по локално време веднаш откако биле забележани две детонации од гранати кои дошле од страната на украинскиот граничен премин Мариновка.

 

Фарукшин рекол дека гранатите експлодирале далеку од граничниот премин и дека при овој инцидент нема повредени.

 

Тој додал и дека вработените на граничниот премин Новошахтинск биле евакуирани во текот на ноќта, во три часот и четириесет минути по локално време, откако слушнале истрели на украинскиот граничен премин Долзанск.

 

Откако престанале да се слушаат истрели вработените повторно се вратиле на своите работни места на овој граничен премин./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Објавено пред

Од овој викенд посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе може да уживаат во пијалак на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат приближно седум милиони луѓе годишно, од кои 75 % се странски туристи, но поради моментната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како речиси секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментот има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца, на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 оздравеле.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Објавено пред

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија Штрек рече дека не очекува оти бргу ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во истражувања во целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло, и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија3 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ6 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион7 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија21 час

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија1 ден

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија1 ден

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие