Контакт

Европа

Еден од најголемите вулкани на Исланд пред ерупција

Објавено пред

Еден од најголемите вулкани на Исланд, Бардарбунга, активен е и во вторник, четири дена по ред, а научниците не знаат дали ќе еруптира.

 

 

Исландскиот метеоролошки завод прогласи во понеделник „портокалов“ степен на опасност за авионите, заради „засилената вулканска активност и можноста од ерупција“. Над „портокаловиот“ е само „црвениот“ степен, што се воведува кога ќе почне ерупцијата.

 

Бардарбунга е голем вулкан под ледниците на југот на земјата.

 

Научниците оценуваат дека, доколку дојде до ерупција на вулканот, ќе биде пореметен воздушниот сообраќај на северот на Европа и на северниот Атлантик заради исфрлање пепел. Покрај тоа, Исланд може да претрпи и значителна штета од евентуалните поплави, кои би биле предизвикани од топењето на мразот.

 

Метеоролошкиот завод, задолжен за следење на активностите на вулканот, регистрираше во изминатите четири дена околу 2600 потреси со магнитуда до 4,5 степени, поврзани со неговата активност.

 

Исландскиот универзитет во вторник соопшти дека магмата сè уште не се приближила до површината и дека од неа е оддалечена „три до седум километри“.

 

Ерупцијата на вулканот Ејафјалајоекул во 2010 година предизвика најголемо официјално затворање на воздушниот простор во мирновременски услови време, кога во само еден месец беа откажани повеќе од 100.000 летови, а повеќе од осум милиони патници беа блокирани. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Започна дводневниот самит на челниците на ЕУ

Објавено пред

Челниците на земјите-членки на ЕУ попладнево го започнаа дводневниот самит во Брисел, на кој повторно ќе доминира прашањето за брегзит, откако британската премиерка Тереза Меј го одложи гласањето во парламентот во однос на договорот за излез од ЕУ.

„Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во Велика Британија, нашата намера е да ја сослушаме премиерката Меј, а потоа во формат ЕУ 27 да усвоиме одредени заклучоци. Бидејќи времето истекува, ќе размислиме и ќе се подготвиме за одредено сценарио доколку нема договор“, најави вчера претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тереза ​​Меј, би требало да ги извести лидерите за развојот на настаните во врска со брегзит, додека значен дел од самитот ќе биде посветен и на надворешната политика, вклучувајќи ја ескалацијата на тензиите во Азовското Море, спроведувањето на договорот од Минск и продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија поради конфликтот во Украина.

Претседатолот на Европскиот совет истакна дека на првиот ден од самитот ќе се разговара и за буџетот на ЕУ во периодот од 2021 до 2027 со цел да се постигне договор до есен следната година.

Вториот ден од самитот ќе биде посветен на дискусии за единствениот пазар на ЕУ, климатските промени, миграцијата и дезинформациите, а ќе се одржи и евросамит на кој ќе присуствуваат лидери на земјите од ЕУ кои го користат еврото како валута, претседателот на Европската централна банка и претседателот на еврогрупата.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсено и петто лице поврзано со напаѓачот од Стразбур

Објавено пред

Петто лице од блиското опкружување на Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур е притворено, соопштиja од париското државно обвинителство.

Притворениот човек е близок до осомничениот кој се уште е во бегство, но не е член на неговото семејство, информираат изворите. Тој утрово бил уапсен во Стразбур.

Родителите на Шериф Чекат и двајцата браќа беа уапсени во средата. Во четвртокот попладне тие сè уште биле на распит во полиција, додаваат извори од државното обвинителство.

Покрај тоа, попладнево во квартот Нојдорф во Стразбур беше спроведенa голема операција во која учествуваше и елитната француска полициска единица, RAID. Акцијата завршила околу 17 часот по локално време.

Според полициски извори, рацијата била спроведена во рамки на истрагата, но нејзината непосредна цел не била апсењето на осомничениот.

Шериф Чекат со такси дошол до округот Нојдорф по пукањето во вторникот. По кратката престрелка со полицијата, му се губи секаква трага.

Прикажи повеќе...

Европа

Полициска рација во Стразбур, специјалци трагаат по напаѓачот на божикниот панаѓур

Објавено пред

Вооружени француски полицајци денеска почнаа рација во округот Нојдорф во Стразбур како дел од потрагата по напаѓачот што уби тројца луѓе на божикен панаѓур во овој источен француски град.

Елитната единица на француската полиција, RAID, е распоредена на една улица, а некои од вооружените полицајци претресуваат куќи во потрага по напаѓачот. Други го прошируваат безбедносниот периметар на соседните населби, објави агенцијата „Ројтерс“.

Засега не е јасно дали полицијата има информации дека напаѓачот се крие во оваа населба, каде што последен пат бил виден по нападот во вторникот вечерта.

По Шериф Чекат, напаѓачот во бегство, денес трагаат 720 полицајци низ источна Франција, иако не е сигурно дека тој уште е на територијата на оваа земја. Властите порачаа дека го бараат жив или мртов.

Чекат последен пат бил виден во населбата Нојдорф, од каде што му се губи трага. За Чекат денеска истрага отвори и германското обвинителство поради соменжите дека тој успеал да ја премине границата меѓу двете земји и дека сега се наоѓа на германска територија.

Чекат не им е непознат на германските власти. Во 2016 година тој бил осуден на две години и три месеци затвор поради грабежи, а таму бил нешто повеќе од една година пред да биде екстрадиран во Франција.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија3 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија4 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија6 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа6 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија7 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија7 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија9 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа9 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет10 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа10 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија23 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет24 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски1 ден

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие