Европа
ЕК донесе одлуки против 19 држава членки поради азилот
Европската комисија во средата донесе 40 одлуки во врската со постапките против 19 земји членки на Европската унија поради пропусти во спроведувањето на законот за заедничкиот европски систем за азил.
Деветнаесетте земји членки добиле писма со формално предупредување поради пропустите во транспонирањето на директивите за условите за прифаќање на лицата коишто бараат азил. Со таа директива се дефинираат минималните заеднички стандарди за хумано прифаќање на лицата кои бараат азил, како што се згрижување во засолништа, обезбедување храна и здравствена заштита.
Меѓу 19-те земји членки се Грција, Италија и Унгарија, меѓутоа Грција е посебно апострофирана поради кршењето на некои директиви за азилот и условите за прифаќање на барателите на азил, и доби дополнително писмено предупредување.
Европската комисија и испрати на Бугарија и на Шпанија образложено мислење поради тоа што пропуштиле да ја известат Комисијата за националните мерки кои биле должни да ги внесат во своето законодавство од европската директива, со која се усогласуваат минимум стандардите со коишто се дефинира правото на меѓународна заштита на државјаните на трети земји и лицата без државјанство.
Писмо со формално предупредување е испратено на 18 држави членки на Европската унија поради пропустот во пренесување во националните законодавства директивите за постапките за азил. Со таа директива се дефинира заедничката постапка за одобрување и одземање на правото за постапката при поднесувањето барање за азил.
„Солидарноста и одговорноста се две страни од ист медал. Челниците на ЕУ на својот вонреден самит во април повикаа на брзо и целосно втемелување во националните законодавства и ефикасно спроведување на директивата за европскиот систем за азилот, за да се осигурат заеднички стандарди предвидени со постојното законодавство, Европската комисија е чувар на европските договори и денешните 40 одлуки за покренувањето на постапките треба да обезбеди земјите членки да го спроведуваат она што е претходно е договорено, а договорено е да се спроведе брзо и целосно. Нашиот заеднички европски систем за азил ќе функционира само доколку сите играат според правилата“, изјави на прес-конференцијата потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.
Писмата со формалните предупредувања се првиот чекор во покренувањето постапка поради кршење на европското законодавство. Откако ќе биде примено ваквото писмо, земјата членка има два месеца рок да одговори. Доколку следи незадоволувачки одговор, Европската комисија испраќа образложено, кој е вториот чекор во постапката.
Откако земјата членка ќе го добие образложеното мислење, на располагање има два месеца за одговор на ЕК, во кој треба да извести за мерките коишто ги преземала за спроведување на директивата. Доколку тоа не го стори, Европската комисија може да му се обрати на Судот на Европската унија, кој може да наметне санкции за држава членка./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.