Европа
ЕК покрена прелиминарна процена на усогласеноста на полскиот закон за уставниот суд со правото во ЕУ
Европската комисија ќе покрене прелиминарна процена за новиот полски закон за уставниот суд за да утврди дали се прекршени правилата на Европската унија, а полска е збунета од изјавите на првиот потпретседател на ЕК.
„Денеска одлучивме дека Комисијата ќе спроведе прелиминарна процена на тоа прашање во рамките на заштита на правната држава“, изјави на прес-конференцијата првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.
„Рамката за правна држава“ е механизам кој ЕК го усвои во март 2014 година по критиките дека не реагирала на соодветен начин на наводните закани за демократските стандарди во Унгарија. Тој механизам се сведува на дијалог со земјата членка за да се утврди дали таа е подготвена да ги промени законите кои се сметаат за спорни и постапките за да се избегне активирањето на членот 7 од договорот за ЕУ, кој предвидува суспендирање на правото на глас на држава членка која не ги почитува темелните принципи и вредности на Унијата, што досега никогаш не е користено.
Во случајот на Полска првпат се покренува таквата постапка коа се состои од три чекора, и тоа процена на ЕК, потоа препорака од ЕК за земјата членка да го исправи она што не е во согласност со законодавството во ЕУ и на крајот одговорот од таа земја. Доколку се утврдат недостатоци и земјата членка се согласи тоа да го исправи, механизмот се запира, а во спротивно ЕК може да го предложи активирањето на членот 7.
„Целта на процесот кој го покренавме е да се разјаснат фактите на објективен начин, подлабоко да се проанализира ситуацијата и да се покрене дијалогот со полските власти, не прејудицирајќи што подоцна ќе се преземат“, рече Тимерманс.
Полска е збунета од изјавите на Тимерманс, за покренувањето на постапката о очекува да ја одбие одлуката во пишана форма, изјави за Reuters полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски.
„Би сакале да ја водиме одлуката на Комисијата во пишана форма. Изјавите на Тимерманс се контрадикторни“, изјави шефот на полската дипломатија додавајќи дека веројатно ќе трае со месеци.
Зборувајќи за изјавите на Тимерманс, Вашчиковски изјави дека „од една страна зборуваше за потребите за дијалог за Полска, а од друга страна ја спомена процедурата (рамката за правна држава – з.р.)“.
„Доколку зборуваме за договорите за ЕУ, измените закони за медиумите во Полска не може да биде процена на ЕК. Кога станува збор за Уставниот суд, Тимерманс не ја зема предвид не ги зема предвид последните одлуки на судот за прифаќањето на двајца судија“, рече Вашчиковски во кусата телефонска изјава за Reuters.
Уставниот суд на Полска донесе дека ќе прими двајца судии кои ги предложи владејачката партија Правда и право (PiS).
„Тоа беше многу неумесна изјава на Тимерманс. Таа создаде збрка наместо да ја разјасни работата. Ќе ја причекаме таа одлука во пишана форма, а доколку не ја биде, ќе се обидеме да ги разјасниме работите на друг начин. Дијалогот ќе потрае со месеци“, рече Вашчиковски.
ЕК за ситуацијата во Полска расправаше откако тамошната нова влада донесе два закона, за уставниот суд и за именувањето на челниците во јавните медиуми. Главно се дискутираше за законот за уставниот суд, додека законот за јавните медиуми се споменуваше само спорадично и за него ќе се зборува дополнително.
Конзервативниот претседател Анджеј Дуда на 28-ми декември конечно го потврди законот кој полската опозиција го смета за инструмент кој го парализира Уставниот суд како чувар на Уставот. Конзервативното мнозинство, пак, во него гледа напротив, начин на демократизација за да се отстрани секоја пречка за спроведување на реформите.
Законот е оценет како голема промена во правилата на работата на Уставниот суд.. Судот од петнаесет членови сега мора да ги носи одлуките со двотретинско мнозинство од гласовите и со најмалку тринаесет судии присутни на седницата, наместо досегашните девет. Опозицијата критикува дека сега партијата Прво и правда (PiS) може лесно да ја блокира секога одлука на судот која е спротивна на партискиот став. Во ова партија, пак, тврдат дека законот воведува ред во Уставниот суд и ги отстранува пречките за спроведување на изборните ветувања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.