Европа
ЕК загрижена поради новиот закон за медиуми во Полска
Европската комисија (ЕК) изрази во посно до двајца полски министри загриженост поради најавениот нов закон за медиуми според кој именувањето на челните луѓе во јавните медиуми му се доверува на министерството за финансии, соопшти портпаролот на Комисијата во средата пред полскиот парламент да го изгласа законот.
„Слободата и плурализмот на медиумите се клучни за плуралистичкото општество во секоја земја членка која ги почитува заедничките вредности на коишто е втемелена Европската унија“, се наведува во писмото на потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.Во писмото до полските министри за надворешни работи и за правосудство, ЕК бара да се објасни како новиот закон ќе ги земе предвид постоечките европски правила за слободата на медиумите. Минатата седмица извршното тело на Европската унија изрази загриженост поради промената на одредбите за Уставниот суд во Полска, барајќи да се одложат најавените реформи. ЕК за најновиот развој на настаните во Полска ќе расправа на следениот состанок на комесарите на 13-ти јануари.Конзервативците на Јарослав Качински од партијата Прво и правда (PiS) тврдат дека измените ќе овозможат „рационализација и намалување на трошоците на работата на јавните радија и телевизии, и повторно достигање на професионалните и етички стандарди неопходни за остварување на јавната задача“, додека опозицијата смета дека станува збор за директно воспоставување контрола на конзервативците врз тие медиуми.Новиот текст од законот за кој во средата вечерта го изгласаа 232 пратеници, 152 беа против а 4 воздржани, им беше поделен на пратениците во понеделникот вечерта и за него се расправаше по брза постапка, како и при носењето на законот за Уставниот суд.Врз основа на одредбите од новиот закон за медиумите, моментално претставува мандатот на директорите на јавното радио и телевизија, како и на членовите на надзорните одбори. За да стапи на сили, новиот закон треба да добие одобрување на Сенатот во кој мнозинството го имаат партиите на Качински и на претседателот Аджеј Дуда, кој е близок на владејачката партија Право и правда. Новата полска влада, покрај тоа, ги донесе или ги подготвува законит со кои се менуваат функционирањата на управата, полицијата,и државното обвинителство коешто досега беше независно, а во иднина ќе биде под министерството за правосудство./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.