Европа
Ердоган му се извинил на Путин за соборувањето на рускиот авион и убиството на пилотот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во порака до рускиот колега по должност Владимир Путин му се извинил за соборувањето на рускиот бомбардер и убиството на пилотот ланскиот ноември крај сириско-турската граница, пишуваат руските медиуми во понеделникот повикувајќи се на извори од Кремљ
Извинувањето на Анкара за соборувањето на рускиот авион, за кој турската страна тврди дека е урнат во турското воздушно пространство, а Москва дека била поставена заседа над сириската територија, беше едно од главните барања на Кремљ за нормализирање на односите.
„Турскиот челник изрази искрено жалење на семејството на рускиот пилот кој е убиен и се извини“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и додаде дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган додал дека сака да стори се што е возможно за обновување на традиционално пријателските односи меѓу Турција и Русија.
Цитати од текстот на писмото од Ердоган се објавено на страницата на Кремљ во кои се наведува дека турскиот премиер наведува дека Анкара „никогаш не сакала ниту имала намера да урне руски воен авион“. Се порачува, исто така, дека „Турција ја смета Русија за пријател и стратешки партнер“.
Пред две седмици Ердоган, по повод Денот на Русија, првпат по седум месеци му испрати писмо на Путин со надеж во обновувањето на односите меѓу двете земји. Писмо со слична содржина тогаш упати и новиот турски премиер Бинали Јилдерим до рускиот колега Дмитриј Медведев.
Односите меѓу Русија и Турција беа нагло прекинати и минуваат низ најдлабоката криза во билатералната сфера откако на 24-ти ноември 2015 година турските ловци „F-16“ на сириско-турската граница соборија руски бомбардер „Су-24М“. Москва тврди дека рускиот авион бил соборен над сириска територија кад што се урна и дека бил сочекан во засега, додека Анкара тврди дека го нарушил турскиот воздушен простор.
Потоа двете страни се обвинуваа за поткопување на меѓусебната доверба, особено во ситуацијата кога двете земји ги поддржуваат различните страни во сирискиот конфликт. Москва притоа ја обвини Турција дека ги поддржува екстремните терористички групи во Сирија и воведе економски санкции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.