Европа
ЕУ: И натаму нема напредок во преговорите за британските барања
Сé уште нема никакво придвижување во преговорите за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија на самитот во Брисел, кои се водат билатерално, додека пленарната седница на челниците сите членки земји повторно е одложена работната вечера.
Челниците на држави и влади на 28-те членки на Европската унија втор ден во Брисел преговараат за пакетот реформи коишто ги бара Велика Британија, пред одржувањето на референдумот на кој нејзините граѓани ќе се изјаснуваат дали се за останување или за излегување од ЕУ.
Цела ноќ од четвртокот на петокот се водеа билатерални средби на различни нивоа, известуваат агенциите, а тоа продолжува и во петокот целиот ден. Првичната најава беше дека ќе се одржи пленарна седница за време на работниот ручек, но тоа постојано е одложувано и според последните информации, челниците треба да се соберат на пленарна седница на работната вечера, којашто започнува според најавата во 20 часот.
Агенциите пренесуваат, повикувајќи се на дипломатски извори, дека од учесниците на самитот е побарано да ги продолжат резервациите на хотелските апартмани за уште едена ноќ.
Според сé судејќи, најголемата пречка ја претставуваат ставовите на земјите од централна и источна Европа, за коишто не се прифатливи барањата на Велика Британија за намалување на социјалните надоместоци за работниците на Островот кои доаѓаат од другите земји членки на ЕУ, а најбројни се токму од споменатите земји,
Најтешкото прашање останува она коешто се однесува за надоместоците за децата за ткн небритански работници, кои не живеат со родителите во Британија. Се предлага додатоците за тие деца да се одредуваат според стандардите во земјите во коишто живеат, а не според британскиот стандард. Притоа, повеќето земји не сакаат тоа да се применува ретроактивно, односно за децата на оние кои работата веќе во Велика Британија, туку само за новодојдените работници или новородените деца.
Нерешено е прашањето и за периодот во кој би се ограничувале социјалните надоместоци за новодојдените работници. Иако порано беше споменувано дека за новите работници ограничувањето на правото на социјални примања би било ограничено во првите четири години од работењето во Велика Британија, неофицијално се дознава дека британскиот премиер Дејвид Камерон го заострил барањето и бара таквите ограничувања да се овозможат на вкупен период од 13 години, во прв ред на првите седум години, а пота би можело да се продолжува уште двапати по три години.
Отворено останува и прашањето за односите меѓу земјите на евроозната и оние надвор од употребата на заедничката валута. Земјите од еврозоната сакат да се осигурат дека Велика Британија нема да има право на вето на одлуките на монетарната унија, а Лондон дека одлуките на еврозоната нема да им штетата на земјите надвор од неа. Се настојува, исто така, и да се осигури дека банките во лондонскиот финансиски центар Сити нема да се здобијат со конкурентска предноста пред банките во остатокот од ЕУ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.