Европа
ЕУ и Турција: Договор за сопирање на бранот мигранти во замена за финансиска помош

Челниците на Европската унија и на Турција постигнаа договор за акцискиот план според кој Турција ќе добие финансиска помош од три милијарди евра, а за возврат треба да го сопре бегалскиот и миргантскиот бран кон Европа, што е дел од поширокиот договор кој вклучува и забрзување на пристапните договори на Анкара за полноправно членство во ЕУ кои стагнираат повеќе години.
Средбата на челниците од земјите на Европската унија со Турција се одржа во невообичаен формат, бидејќи ЕУ на самитите со други земји обично ја претставуваат претседателите на нејзините институции, Европскиот совет и Европската комисија Овојпат на состанокот беа присутни и челниците на сите земји членки, што зборува колку Турција е важна за ЕУ во решавањето на бегалската криза. Поради енормниот прилив бегалци и мигранти, земјите од Унијата се најдоа под голем притисок и во недостиг од заедничко решение почнаа да носат индивидуални мерки, кои сериозно го доведоа во прашање Шенгенскиот простор, што се смета за една од најголемите придобивки на европската заедница.Во заедничката изјава прифатена на состанокот кој се одржа доцна попладнето во неделата во Брисел, се наведува дека „двете страни во иднина ќе имаат редовни самити двапати годишно“ Се додава и дека тие самите ќе бидат во „соодветен формат“, што иако непрецизно кажано би можело да значи дека може но и не мора да се одвиваат на највисоко ниво. Сепак, невообичаено е ЕУ да одржува самит со земја кандидатка за членство.ЕУ од своја страна ѝ верува на Турција три милијарди помош за полесно да се соочи со бегалскиот товар. Половина милијарда треба да се обезбедат од европскиот буџет, а другите 2,5 милијарди евра ќе ги обезбедат земјите членки.Во заедничката изјава е потврдено дека Турција кон средината на декември ќе ги отвори преговорите во поглавјата Економска и монетарна унија, што ќе биде првото поглавје кое се отвора по ноември 2013 година. Во изјавата, исто така, се наведува дека Европската комисија во првиот квартал од следната година ќе ги изврши подготовките за отворање поголем број поглавја, а дали тие ќе бидат отворени ќе одлучуваа земјите членки.Договорот вклучува и забрзување на постапката за укинување на визите за турските граѓани. За возврат, Турција од јуни следната година би требало да го спроведува договорот за реадмисија, што значи дека ќе ги враќа сите мигранти кои немаат право на меѓународна заштита во земјите на нивното потекло. Доколку го почитува тоа, ЕУ во октомври 2016 година би ги укинала визите за турските државјани.„Усвоивме заеднички акциски план за замирање на миграциските текови кон Европа. ЕУ не очекува некој наместо нас да ги штити нашите граници“, истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.„Тоа треба да го сторат Европејците. Но очекуваме чекори, кога станува збор за прекинување на миграциските текови, кои доаѓаат во Европа преку Турција“, додаде Туск, истакнувајќи дека во постигнатиот договор се утврдени заедничките активности кои двете страни се обврзани да ги постигнат за решавање на кризата.„Донесовме одлука да се воспостави механизам за обезбедување помош за сириските бегалци во Турција во износ од три милијарди евра“, додаде Туск.„Тие три милијарди евра не одат за Турција, туку ќе бидат потрошени за бегалците од Сирија“, увери турскиот премиер Ахмет Давутоглу.Притоа Турција „не може да ѝ гарантира на ЕУ намалување на миграцискиот бран“ дури и по добивањето на тие три милијарди евра европска помош за решавање на проблемот со бегалците, појасни Давутоглу.„Ние не можеме да гарантираме ништо кога станува збор за војната во Сирија, бидејќи таму продолжуваат терористичките напади и бомбардирањата. Сепак, ќе работиме да подобрување на контролата на границите и ќе се бориме со криумчарите на мигранти“, рече турскиот премиер. „Турција веќе потроши 8 милијарди долари за задоволување на потребите на 2,2 милиони сириски бегалци. Во овие околности на денешниот самит ЕУ вети да го сподели овој товар. Утврдивме механизам за обезбедување на помошта за сириските бегалци во Турција на три милијарди евра“, рече во продолжение Давутоглу./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.