Европа
ЕУ од Украина очекува реформи доколку сака финансиска помош
Европската унија и’ порача на Украина дека мора да спроведе економски реформи за да добие нова финансиска помош, имајќи предвид дека на Киев му се потребни 15 милијарди долари, соопштија во вторникот европски дипломати.
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук присуствуваше во понеделникот во Брисел на првиот круг од разговорите со Европската унија во рамките на новиот договор за јакнење на соработката, ратификувана во септември , во замена за спроведувањето на политичките реформи и модернизација на украинското општество.
Безбедносната криза во југоисточна Украина, каде што се водат борба против рускојзаичните бунтовници, и присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија во мар, само ги влошија и онака огромните економски проблеми на земјата.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во моментов проценува колку пари на Украина ќе и’ бидат потребни, а Европската унија, разгледува трет пакет од помошта со веќе ветените 1,61 милијарди евра, односно две милијарди американски долари. Меѓутоа, некои економски кругови во Европа се сомничави во поглед на новата помош за Украина, велат дипломатите.
„„Потребата од натамошна финансиска помош сигурно дека постои“, изјави европскиот комесар за политика за соработка со соседите и проширување Јоханес Хан, додека украинскиот премиер Арсенија Јаценјук изјави дека пратите беа потреби „уште вчера“.
„Ќе сториме сé што е потребно за украинската економија. Но за да се надвладее овој период, Украина има потреба од некој вид поткрепа. Загубивме 140 отсто од нашето индустриско производство., 20 отсто од украинската економија поради руската агресија (…) нашиот БДФП ќе падне оваа година за 7 отсто (…), и покрај зголемувањето на даночните приходи од 5 отсто. Тоа не може да трае засекогаш, неопходна ни е помош“, изјави Јаценјук предупредувајќи дека Украина е „бојно поле“ и дека „Русија сака да ја уништи“.
Еврокомесарот Хан изјави дека одржувањето на донаторската конференција за Украина, предводена за почетокот на 2015 година, а подготвеност за учество на неа изрази и Москва преку руското министерство за надворешни работи, а која зависи од спроведување на реформите. Од Киев се очекува „конкретен реформски план со прецизни рокови. Многу би сакал конкретни резултати“, изјави Хан.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека постои „премолчен договор“ дека Киев мора да преземе мерки за помошта „да не исчезне во каналите во коишто повеќе не може да се следи“. Истакна дека Киев сека има период од шест месеци да гои покрене потребните реформи.
Во телефонскиот разговор од неделата навечер, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд му соопштија на украинскиот претседател Петро Порошенко дека без реформи нема да има меѓународна помош./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.