Европа
ЕУ веројатно ќе ги задржи санкциите против Русија
Челниците на Европската унија веројатно ќе ги остават на сили економските санкции против Русија додека договорот за примирјето во Украина не биде во целост спроведени, и тоа откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави во четвртокот дека би било погрешно да се ублажи притисокот врз Москва „пред време“.
Владите на земјите членки на Европската унија досега на сличните средби беа поделени околу прашањето дали сега треба да се дејствува за да се обноват санкциите чиешто важење истекува во јули.
Изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел упатува, пак, на тоа дека Германија силно ќе ги охрабри челниците на ЕУ на самитот во Брисел кој започнува подоцна во четвртокот, да ги задржат санкциите против Русија сé додека Москва не ги исполни условите од договорот постигнат на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск.
„Не можеме и нема да ги укинеме санкциите кои истекуваат во јули или септември сé додека не се исполнат сите услови од договорот од Минск. Тоа би било погрешно“, изјави Меркел во четвртокот во долниот дом на германскиот парламент Бундестагот.
Останува нејасно за какви руски обврски станува збор, затоа што документот кој го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија, се однесува на договор меѓу двете конфронтирани страни во рускојазичните источни украински региони. Западот ја обвинува Русија дека воено ги помага проруските бунтовници во Украина, што оваа упорно го негира и тврди дека станува збор внатрешен украински судир.
Договорот од Минск предвидува 13 чекори за надминување на украинската криза, вклучително и прекинот на огнот и повлекување на тешкото вооружување од линијата на фронтот во зависност од калибарот на 30 до 70 километри во внатрешноста на териториите што ги контролираат завојуваните страни. Исто така, се предвидува и носење закон, кој во средата навечер беше доставен во украинскиот парламент, со кој на источната област Донбас и’ се дава ткн специјален статус, односно широк степен на автономија.
Челниците на ЕУ се поделени околу санкциите против Русија. Додека некои сакаат на Москва да и’ биде испратен поостар сигнал и тоа така што ќе бидат обновени санкциите кои истекуваат во јули, другите, особено оние чиишто економии значајно се погодени како поради европските санкции така и од руските контрамерки за ембарго на увоз на западни производи, сметаат дека на примирјето треба да му биде дадена можност да профункционира и сакат да се почека до јуни да биде донесена одлуката.
Претседателот на Европскиот совет, поранешниот полски премиер Доналд Туск, ги повика челниците на ЕУ во четвртокот да продолжат да вршат притисок на Русија „сé додека договорот од Минск не биде целосно спроведен“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.