Европа
ЕУ воведува нови санкции против Русија
Новите европски санкции против Русија ќе стапат на сила во петок, но можат да бидат ревидирани или суспендирани во зависност од напредокот за спроведување на договорот за прекин на огнот во источна Украина, објави во четвртокот доцна попладнето ЕУ.
Новиот круг санкции е насочен против пет руски државни банки, три големи компании од одбранбениот сектор , проекти за истражување на нафта и 24 поединци.Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, изјави дека санкциите би можеле да бидат укинати или прилагодени, додавајќи дека „сеопфатната ревизија на спроведувањето на мировниот план“ ќе се спроведе до крајот на септември. „Во светлината на таа ревизија и доколку ситуацијата на теренот тоа го оправдува“, ЕУ ќе ги разгледа предлозите за измени, суспензија или укинување на низата важечки санкции, сите или на еден дел“, додаде Ромпуј.ЕУ објави дека новите санкции значат дека европските државјани и компании повеќе не смеат да им одобруваат заеми на петте големи руски државни банки. „Финансирањето на долговите на три големи руски одбранбени компании и три големи енергетски компании, исто така, е забрането. Повеќе не смее да се даваат никакви услуги потребни за истражување и производство на нафта експлоатирање на нафтата од шкрилци во Русија“ се вели во соопштението на Европската унија.Меѓутоа, поради сѐ уште големата зависност од рускиот природен гас, Брисел не се одлучи да го санкционира рускиот гасен сектор. Дваесет и четворицата санкционирани поединци на коишто им се забрануваат патувањата во земјите членки на ЕУ и им се замрзнува активата којашто ја имаат во овие држава, „учествуваат во делата против украинската територијална целокупност, вклучително и новото раководство во Донбас, владата во Крим, како и Русите кои донесуваат одлуки и олигарсите“.Санкциите коишто беа по еднонеделното усогласување официјално беа донесени во понеделникот иако беа договорени на 5-ти септември само неколку часа откако во Минск прозападните власти во Киев и проруските бунтовници за прекин на огнот во источна Украина. За мерките амбасадорите на членките на ЕУ не успеваа да се усогласат поради противењето на повеќе земји кои стравуваат дека санкциите ќе го загрозат прекинот на огнот, како и од руски одговор од кој европските земји веќе губат повеќе од 5 милијарди евра поради ембаргото за увоз на земјоделски и прехранбени производи во Русија, а вкупно 9 милијарди, кога ќе се земат предвид и ембаргата за увоз од САД, Канада, Австралија и Норвешка. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич, претходно во четвртокот изјави дека европските санкции се „непријателска“ одлука и дека сигурно ќе следи одговор на Москва. „Нашиот одговор ќе биде сразмерен на штетата коишто тие санкции ќе ѝ ги предизвикаат на нашата економија“, рече. Според извори од Кремљ, ќе се внимава на одговорот да не предизвика оптоварување за руските компании и потрошувачи, а најверојатно ќе опфаќа увоз на возила, особено половни, како и делови од текстилната индустрија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.