Европа
Европските челници не се задоволни од предложениот компромис со Британија
Ниту еден европски челник засега не е задоволен од предлозите на Брисел за избегнување на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, тврдат извори блиски на преговорите.
Првите реакции на европските престолнини покажуваат дека никој не е задоволен од компромисот кој во вторникот го претстави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со кој британскиот премиер Дејвид Камерон се надева дека ќе постигне договор во текот на самиот на 28 челници на земјите од Европската унија, изјавил за AFP неименуван европски функционер.
Сегашното незадоволство може да биде знак дека компромисот е праведен и урамнотежен, но и дава да се насети дека тешко ќе се постигне договор на европскиот самит на 18-ти и 19-ти февруари во Брисел, додал соговорникот на агенцијата.
Друг европски извор навел дека Шпанија ѝ забележува на Европската комисија, којашто ја води Жан-Клод Јункер, дека не сторила доволно во врска со барањето на Камерон за ограничување на социјалните давачки за работниците од земјите членки во Велика Британија. Таа точка го загрижува и Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, коишто стравуваат од дискриминацијата на стотиците илјади нивни државјани кои работат во Британија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди во средата дека се противи на секој нов договор во текот на самиот н а28-те челници и предупреди дека не може да постои вето на земји надвор од еврозоната за одлуките кои ги носат земјите членки на монетарната унија на единствената валута, чија членка не е Велика Британија.
Германската влада оцени дека предлозите на Европскиот совет се амбициозни.
Во писмото упатено до сите челници на земјите членки на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во вторникот истакна дека предлозите, според неговото мислење, го решаваат прашањето коишто ги постави Велика Британија, а истовремено не ги прекршуваат начелата на коишто е втемелена Европската унија.
Според предлозите, на коишто веќе со месеци било работено, националните парламенти на земјите членки ќе имаат поголемо овластување при носењето на законите на ЕУ. Се предлага 55 отсто од 28-те национални парламенти, односни 16 од нив, можат да ги сопрат или да ги променат законите во постапката на носења.
Велика Британија, исто така, бара јакнење на конкурентноста на економијата и намалување на бирократијата, подобрување на позицијата на земјите членки кои не го користат еврото в однос на земјите од еврозоната, јакнење на сувереноста на националните држави и улогата на националните парламенти, како и ограничување на пристапот до социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ кои работат во Обединетото Кралство.
Туск, истакнува дека предлозите за заштита на земјите кои не се членки на монетарната унија – еврозоната, не значи дека тие може да имаат право на вето на одлуките на еврозоната. Туск го претстави механизмот според кој деветте земјите надвор од еврозоната можат да ја изнесат својата загриженост и да побараат потребни гаранции доколку сметаат дека некои одлуки на земјите од еврозоната се однесуваат на нив
Предлогот вклучува и одредби за ограничување на социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ доколку дојде до преоптоварување на социјалниот систем на една земја членка, што беше едно од најтешките британски барања бидејќи навлегува во слободата на движењето на луѓето, што се смета за едно од најголемите достигнувања и основни принципи на ЕУ, коешто според Туск, со овој предлог не е прекршено. Во предлогот на Туск, се наоѓа и своевидна сопирачка, којашто овозможува на одредено време, до четири години, да можат да се намалат социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ, во случај на голем прилив на имигранти. Таа сопирачка може да се активира, доколку системот за социјална сигурноста биде изложен на преголем притисок, а на тоа би имале право сите земји членки, бидејќи според Туск, само така може да се избегнат дискриминациите и попречувањето на слободата на движењето.
Британскиот конзервативен премиер Дејвид Камерон вети дека на почетокот од 2013 година дека на британските граѓани, доколку победи на парламентарните избори кои се одржаа пролетта 2015 година, ќе организира референдум до крајот на 2017 година за останувањето или излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Тој навести дека доколку биде постигнат договорот, референдумот може да се одржи уште на 230т-и јуни. Камерон во петок ќе престојува во поети на Полска и на Данска во рамките на неговата офанзива по ова прашање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.