Европа
Фицо: ЕУ мора подобро да комуницира со граѓаните
Есенскиот самит во Братислава на 27-те членки на Европската унија ќе мора да понуди решенија за подобра комуникација меѓу Брисел и граѓаните поради сé поголемата недоверба во европските институции, изјави во средата словачкиот премиер Роберт Фицо, чија земја од 1-ви јули го презема ротирачкото претседателство со Унијата.
„Сега е сосема јасно дека во комуникацијата со граѓаните Брисел потфрли. Мораме подобро да објасниме зошто европскиот проект е посебен. Извонредно е важно повторно да се освојат срцата на Европејците“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо ба прес-конференцијата пред во парламентот да ја претстави програмата за шестмесечното словачко претседавање со Европската унија.
Фицо истакна дека со членството во ЕУ Словачка станала посилна на економски, општествен и геополитички план, но дека мора подобро да бидат сослушувани граѓаните и да се земат предвид нивните дилеми и загрижености. „Мораме да ги слушаме своите граѓани и да ги земаме предвид нивните очекувања“, рече Фицо.
Претседателот Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека словачкото претседавање со ЕУ доаѓа во многу бурно време имајќи го предвид британскиот референдум за Brexit, како и дека на самитот во Братислава на 16-ти септември мора да се разговара како ЕУ да се направи поефикасна, подемократична и поподготвена за бројните предизвици.
„Не можеме повеќе да чекаме. Преостанатите 27 членки мора да најдат најдобри решенија за ЕУ. Мораме, меѓутоа, да се фокусираме максимално да се искористат потенцијалите на Лисабонскиот договор“, изјави Шулц нагласувајќи дека е особено важно справувањето со прашањето на стабилноста на заедничката валута, економскиот раст и невработеноста.
Според него, ЕУ, во крајна линија, мора да излезе на крај со британското излегување и оцени притоа дека не е потребна расправа за институциите, како и дека нема потреба за измени во темелните европски документи. Шулц тврди, исто така, дека по Brexit нештата нема да бидат исти како претходно, како и дека по прашањето за реформа на ЕУ и нејзината иднина мора да се изнајде компромис.
„Секогаш станува збор за компромис, а не за победа на едната страна над другата. Мораме да пронајдеме заеднички именител за европската иднина“, рече Шулц додавајќи дека она што „изгледаше како добро сиви пред 30 години повеќе не изгледа донро3.
На прашањето на новинарите за воспоставување на Европската гранична и крајбрежна стража (EBGC), и Фицо и Шулц рекоа дека безбедноста на надворешните граници на ЕУ е многу важно/
„Прашањето на безбедноста е еден од приоритетите на словачкото претседавање. Го поддржуваме воспоставувањето на EBGC, во текот на следните шест месеци ќе се дојде до потполна имплементација на законот за системот на гранична и крајбрежна стража“, рече Фицо. Истакна притоа дека по низата терористички напади е потребно да се одреди каква безбедносна политика во иднина ЕУ ќе им понуди на своите граѓани./крај/мф/бс
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.