Европа
Франција изврши масивен удар врз IS во Сирија, Оланд сака вонредна состојба на три месеца
Воздухопловните сили на Франција извршиле масивен напад врз позициите на терористичката групација Исламската држава во Сирија, која ја презема одговорноста за крвавиот масакр од петокот вечерта во француската престолнина Париз во кој се убиени најмалку 132 лица, а претседателот Франсоа Оланд им порача дека сака да ја продолжи воената состојба и нејзиниот опсег.
Како што соопшти во неделата вечерта француското министерство за одбрана, борбените авиони кусо време претходно во нападите лансирале 20 проектили и успеале да уништат команден пункт и камп за обука на терористите на Исламската држава во близина на Рака, град кој џихадистите го сметаат за центар на нивниот „Калифат“ што го прогласија на територијата што ја контролираат во Сирија и соседен Ирак.„Нападот кој вклучуваше 10 млазни авиони изведен е истовремено од Обединетите Арапски емирати и Јордан. Прв во овој напад беше уништен команден центар на групата Исламска држава, кој исто така бил користен и како центар за регрутирање доброволци како и за чување оружје и муниција. Вториот уништен објект камп за обука на муџахедини“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Франција за нападот изведен во координација со американските сили.Малку претходно во неделата францускиот претседател Франсоа Оланд побара парламентарните челници вонредната состојба прогласена ноќта кон саботата веднаш по крвавите напади во Париз да се продолжи на три месеца и да се прошири нејзиниот опфат, изјавија за AFP неколку парламентарни извори.Француската влада во среда ќе расправа за предлогот за измена на законот од 1955 година за вонредна состојба, за да се измени нејзиниот опсег и траењето, кое сега е ограничено на 12 дена, без гласање во Националното собрание, им најавил Оланд на парламентарните и партиските челници.„Ни кажа дека сака вонредната состојба да трае три месеца најмалку“, изјавија неколку челници, меѓу кои Бруно Ререјеу, претседател на републиканската фракција (десница) во Сенатот и Емануел Косе, државна секретарка од редовите на Зелените.Продолжувањето на вонредната состојба повеќе од 12 денови може да се одобри само со носење закон за кој гласа парламентот кој го одредува неговото конечно траење.Трите групи џихадисти извршија симултани терористички напади на најмалку шест локации во француската престолнина во кои досега се потврдени 132 жртви, но овој биланс може да се зголеми имајќи предвид дека о критична состојба се повеќе од 90 лица од над 350-те ранети.Вонредна состојба во Франција е воведувана неколкупати во текот на Алжирската војна, од ноември 1954 година до март 1962 година, и потоа е прогласена само уште двапати, во 1985 година во Нова Каледонија за време на судирите на овој француски остров во Тихиот Океан и во 2005 година кога доселеничките предградија на француските градови беа зафатен од безаредија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.