Европа
Франција ја продолжи вонредната состојба до крајот на мај
Народното собрание, долниот дом на францускиот парламент, во вторникот со големо мнозинство гласови донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во Франција до крајот на мај, додека владата предупредува на можни „други големи напади“ во Европа.
Една седмица по убедливото изгласувањето во горниот дом Сенатот, во вторникот 212 пратеници гласаа „за“ и 31 „против“ продолжувањето на вонредната состојба по париските напади во кои на 13-ти ноември беа убиени 130 луѓе, а стотици беа ранети.
Вонредната состојба ја поддржуваат повеќето француски политичари, а на новото нејзино тримесечно продолжување му се наклонети и 80 отсто Французи, според неодамна спроведеното истражување на јавното мнение.
Меѓутоа, ваквата состојба во Франција ја критикува Советот на Европа, кој предупредува на злоупотреба на полицијата, како и дел од експерти наклонети кон невладините организации и Лигата за човековите права.
Оваа вонредна состојба му овозможува на францускиот министер за внатрешни работи да одреди домашен притвор за секој чиешто однесување ќе биде оценето како „закана за безбедноста и јавниот ред“, а може и да нареди „претрес на домот во кој и да е период од денот и ноќта“, без вмешување на правосудството.
Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, предупреди дека „директната закана не исчезна“, а премиерот Мануел Влас во саботата оцени дека светот влегол во ерата на „хипертероризмот“ и тврдеше дека е „сигурно“ оти во Европа ќе се случат и други напади „со поголеми размери“ од париските.
Француската влада уште на почетокот од ланскиот декември најави дека сака во Уставот да внесе одредба со којашто се овозможува воведување вонредна состојба во земјата „во текот на максимално траење од шест месеци“. Преднацртот од законот за проширување на времетраењето на вонредната состојба во Франција беше предаден во државниот совет поради ревизија на Уставот, по џихадистичките напади од 13-ти ноември во Париз.
Вонредната состојба претседателот Франсоа Оланд ја објави само неколку часа по нападите, а парламентот ја продолжи за три месеца, до 26-ти февруари.
Со оваа уставна реформа се сака да се воведе „цивилен кризен режим“ за да се дејствува „против воениот тероризам“, појасни претседателот Оланд на 16-ти ноември.
Со сегашниот Устав е предвидено опсадна состојба но не и вонредна. Со законот од 1995 година траењето на вонредната состојба е ограничено на 12 дена. Продолжувањето на вонредната состојба повеќе од 12 дена може да се одобри само со носење закон за кој гласа парламентот кој го одредува неговото конечно траење.
Вонредната состојба на француските власти им овозможува да „забранат промет на лица и возила“, да прогласи „заштитени или безбедносни зони каде движењето на лицата е регулирано“ и забранува престој на некои подрачје на „секое лица кое би ги попречувале на кој и да е начин дејствувањето на јавните власти“.
Вонредна состојба во Франција е воведувана неколкупати во текот на Алжирската војна, од ноември 1954 година до март 1962 година, и потоа е прогласена само уште двапати, во 1985 година во Нова Каледонија за време на судирите на овој француски остров во Тихиот Океан и во 2005 година кога доселеничките предградија на француските градови беа зафатен од безредија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.