Европа
Французите излегоа на улиците против новиот закон за труд
Француската социјалистичка влада соочена со можно изгласување недоверба и со протести ширум земјата, откако во четвртокот донесе одлука да се пренебрегне широкиот отпор кај граѓаните за спроведување реформи на законот за труд кој е критикувани дека оди во полаза на работодавачите.
Владата на премиерот Мануел Валс, многу веројатно, ќе го преживеа гласањето за доверба што го поттикна конзервативната опозиција којашто нема доволно гласови во парламентот. Во средата вечерта социјалистичката влада тесно успеа да се извлече таква иницијатива да не ја постават побунетите социјалисти и левите сојузници кои успеаја да добијат поддршка од 56 пратеници наместо потребните 58.
Но со повиците на масовни улични протести, владата е изложена на ризик од ескалација на отпор и насилство. Последните анкети покажаа дека тројца од четворица Французи се противат на оваа реформа,
„Време е за поголема брзина“, изјави за весникот L’Humanite, Филипе Мартинез, челник на големиот синдикат CGT. Главниот приговор на оваа влијателна организација е дека ова реформа ќе им овозможи на компаниите платите и условите за работа според свои правила и потреби, беза да ги почитуваат националните законски стандарди.
Одвај избегнувајќи го бунтот на дисидентите во својата партија во средата, францускиот претседател Франсоа Оланд, чиј рејтинг на една година пред претседателските избори е на историско најниското ниво, е ставен во многу непријатна позиција. Меѓутоа, иако во четвртокот граѓаните масовно започнаа да излегуваат на улиците низ градовите ширум Франција, владиниот портпарол Стефан Ле Фол најави дека воопшто не се размислува за повлекување на контроверзната реформа на законот за труд,
Реформата не ја критикуваат само синдикатите, туку и се поголемото протесно движење на младите попознато како Nuit Debout, или во слободен превод Ноќ на нозе (простум).
Неколку стотици полицајци беа поредени во текот на судирите со демонстрантите меѓу кои се бројни групите на млади луѓе чии лица се прекриени со маски и со качулки на главите вооружени со камења и Молотови коктели. Телевизиските снимки покажуваа и средношколци како со контејнери ги блокираат влезовите во нивните училишта.
Министерство за внатрешни работи издаде совети за возачите да не минуваат во централниот реон на Париз поради протестите кои се закажани за четвртокот попладне низ различни делови на француската престолнина, како и поради информации за блокирани улици во некои делови на градот.
Градоначалничката на Париз и истакната социјалистка Ан Идалго се придружи на незадоволството на демонстрантите, изјавувајќи за радиото Europe 1 дека „овој закон нема да стори ништо за социјалната правда“, како и дека е „шокирана што слуша дека заштитата на вработените се сведува на тоа да можат полесно да бидат отпуштени“.
Претседателот Оланд има и други проблеми. Медиумите зачестено пишуваат за кандидатурата на неговиот млад министер за економија Емануел Маркон на претседателските избори во 2017 година.
Неговата влада се справува и со обвинувањето за сексуално вознемирување во врвовите на власта. Откако поради тоа оставка поднесе претседателот на долниот дом на парламентот Дени Бипен, и министерот за финансии Мишел Сапен, кој е еден од најголемите и најдолготрајни сојузници на Оланд, во средата призна дека сексуално вознемирувал една новинарка./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.
Европа
Украина се обидува да ја убеди Индија да застане на страната на Киев, а не на Москва
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Индија да застане со Киев, велејќи дека блиските врски на Индија со Русија се засноваат на избледеното советско наследство, објави денеска Фајненшл тајмс.
Кулеба вчера пристигна во Њу Делхи со цел да ги зајакне врските со Индија, како и да ја промовира визијата на Киев за пат кон мирот во Украина.
Според Ројтерс, Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и се воздржува да ја критикува Русија поради нејзината инвазија на Украина. Згора на тоа, купувањето на руска нафта од Индија е на рекордно ниво во последно време.
Кулеба рече дека Индија има многу да добие од проширувањето на трговските и технолошките врски со Украина, поставувајќи го прашањето за улогата на индиските компании во повоената обнова на Украина.
Украина сака да ја „врати трговијата“ со Индија, во форма на извоз на земјоделски производи како што е сончогледовото масло, а самата сака да купи повеќе индиски стоки. „Ние сме заинтересирани да увеземе дел од тешката машинерија што ја произведува Индија“, рече Кулеба.
Украина се надева дека во наредните месеци ќе одржи самит на светските лидери без учество на Русија, со цел да го промовира и зајакне својот план за мир, кој меѓу другото повикува на повлекување на руските трупи од нејзината територија.
Русија ја отфрли таа украинска дипломатска иницијатива.