Европа
Франција ја продолжи вонредната состојба до јули 2017-та
Горниот дом на францускиот парламент во четвртокот вечерта го одобри продолжувањето на вонредната состојба во земјата, со што таа ќе биде на сила до јули 2017 година.
Ова е петто продолжување на вонредната состојба откако стапи на сила по исламистичките терористички напади од 13-ти ноември 2015 година во француската престолнина Париз кога беа убиени 130 луѓе.
По тие напади следеа уште терористички акти, меѓу кои и оној од 14-ти јули 2016 година на националниот празник Денот на падот на Бастилја во Ница кога екстремист со камион усмрти 86 луѓе, поради што француските безбедносни сили се постојано во состојба на најголема приправност.
Мерката за продолжување на вонредната состојба е изгласана во двата дома на парламентот, а во горниот тоа беше сторено со големо мнозинство. Со тоа се овозможува проширување на овластување на полицијата, вклучително и претреси и собирање податоци без налог. Активистите за човековите права ги критикуваа овие мерки.
Со продолжувањето на вонредната состојба до јули следната година, што значи дека таа ќе биде активна на текот на претседателските избори кои ќе се одржат во април и мај. Владата побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба за уште седум месеци, поточно до 15-ти јули. Двата круга од претседателските избори ќе се одржат на 23-ти април и 7-ми мај, а на парламентарните на 11-ти и 18-ти јуни 2017 година.
Според француската новинска агенција AFP, со ова продолжување на сегашната вонредна состојба станува најдолгиот период на примена на оваа мерка откако таа првпат е воведена во Франција.
Со сегашниот Устав е предвидено опсадна состојба но не и вонредна. Со законот од 1995 година траењето на вонредната состојба е ограничено на 12 дена. Продолжувањето на вонредната состојба повеќе од 12 дена може да се одобри само со носење закон за кој гласа парламентот кој го одредува неговото конечно траење.
Вонредната состојба на француските власти им овозможува да „забранат промет на лица и возила“, да прогласи „заштитени или безбедносни зони каде движењето на лицата е регулирано“ и забранува престој на некои подрачје на „секое лица кое би ги попречувале на кој и да е начин дејствувањето на јавните власти“.
Вонредна состојба во Франција е воведувана неколкупати во текот на Алжирската војна, од ноември 1954 година до март 1962 година, и потоа е прогласена само уште двапати, во 1985 година во Нова Каледонија за време на судирите на овој француски остров во Тихиот Океан и во 2005 година кога доселеничките предградија на француските градови беа зафатен од безредија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.