Европа
Гаук: Германија треба да биде отворена за воената отштета за Грција
Германскиот претседател Јоаким Гаук изразува поддршка на барањата од Грција за исплата на воена отштета од страна на Германија во текот на Втората светска војна, иако официјален Берлин таквите барања повеќепати досега ги отфрлаше.
Иако според законите има многу малку овластувања, германскиот претседател Јокаим Гаук, е склон на прекршување на конвенционалното однесување, во интервјуто за весникот Sueddeutsche Zeitung, коешѓто ќе биде објавено во сабота, вели дека Германија би требало да ја разгледа својата историска одговорност кон Грција.
„Ние не сме само народ кој живее денес, туку сме и потомци на оние коишто зад себе оставиле траги од уништувањата во Европа сторени во Втората светска војна, во Грција, меѓу другото, а за тоа, што е за срам, толку долго време премалку знаевме“, вели Гаук.
„Исправно е секоја земја да биде свесна за својата историја, како што е наша задача да се разгледа можноста за репарација“, смета германскиот претседател. Германската партија Левица, исто така, претходно го поддржа грчкото барање.
Барањето на Грција за исплата на 278,7 милијарди евра воена отштета за нацистичката окупација и за тоа што грчката централна банка била принудена да им дава кредити на нацистите, досега немаа никакви позитивни одговори, но некои експерти сметаат дека тие би можеле да бидат основани.
Барањето репарација од Втората светска војна е идеја којашто потекна од претходната конзервативна влада на Антонис Самарас од 2013 година, но не беше упорна во овој процес. Берлин неколкупати одговори дека воената отштета со Грција е решено прашање, a на почетокот од февруари годинава ова прашање повторно го отвори новата влада во Атина, предводена од челникот на радикалната левица, Алексис Ципрас.
Грција во првата седмица на март обајви дека парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации, како и дека проценува дека станува збор за износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун.
Во април германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигбарс Габриел грчкото барање го нарече „глупост“. Оцени дека презадолжената Грција сака да добие повеќе време од своите партнери во еврозоната и да постави нови услови за продолжувањето на финансиската помош и така да го избегне банкротот, но дека тоа нема „никаква врска со воената репарација од Втората светска војна“. Според него пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.
Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот ѝ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија ѝ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони тогашни американски долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.
„Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, вклучително и за тоа што тогашната грчка централна банка била принудена да им даде пари на нацистите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.