Европа
Германија обвини осомничен американско-руски шпион за предавство
Германските обвинители објавија во четвртокот вечерта дека го обвиниле поранешниот службеник на надворешната разузнавачка агенција Федералната служба за заштита на уставот (BND) за предавство, како и дека се сомневаат оти тој до минатата 2014 година им предавал доверливи информации на САД и на Русија.
Минатогодишното апсење на мажат познат само како Маркус Р., доведе до заладување на односите меѓу Берлин и Вашингтон, најблиските сојузници, а следеше по откритијата дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) масовно ги шпионирала германските државјани, но и нејзините функционери и компании, па дури и десет години го прислушувала телефонот на канцеларката Ангела Меркел, што дополнителни ги влоши германско-американските односи.
Триесет идвегодишниот маж е обвинет дека ѝ предавал доверливи информации на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во период од 2008 до 2014 година, изјавија во соопштението обвинителите од Карслруе.
Тој на Американците им предал бројни официјални и интерни документи на BND, особено за текот на германската истрага во врска со американското шпионирање, а за возврат примил најмалку 95.000 евра. Кон средината на 2014 година, Маркус Р. предал и три документа во рускиот конзулат во Минхен.
Уапсен беше во јули 2014 година под сомневање дека шпионирал во полза на САД, а обвинет е на 11-ти август 2015 година по три точки – за предавство, одавање службени тајни и за корупција, соопштија обвинителите.
Маркус Р. за БНД работел од 2007 година и набргу ги понудил своите услуги на CIA. Од мај 2008 година до апсењето работел во одделот задолжен за заштита на војниците ангажирани во странство и имал пристап до широк спектар чувствителни информации. „Со тоа обвинетиот ја загрозил ….безбедноста на Германија“, истакнуваат обвинителите.
Документите коишто ги предал во рускиот конзулат во Минхен, исто така, биле безбедносно загрозување на Германија, додаваат.
Доколку биде прогласен за виновен, Маркус Р., кој во моментов е во притвор, би можел да добие најмалку една година затвор. Сепак, порталот Spiegel-Online, смета дека му се заканува долгогодишна до доживотна затворска казна.
Откритијата од пред две години за димензиите на американското шпионирање на Германија, што придонесе за поголема активност на нејзините тајни служби и откривањето на случајот на Маркус, потекнуваат од поранешниот соработника на CIA и NSA, Едвард Сноуден, кој откако во летото 2013 година не успеа да се префрли од Хонгконг во Јужна Америка поради блокадата на Вашингтон, остана во Русија со привремен престој одобрен од претседателот Владимир Путин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.