Европа
Германија од сабота започнува со протерување на економските имигранти
Германија новиот построг закон за азил, кој предвидува и полесно протерување на лицата на коишто им е одбиено барањето за политички азил, ќе почне да го применува уште оваа сабота иако беше предвидено законот да стапи на сила на 1-ви ноември.
„Сојузните покраини, заеднички со сојузните органи, следните денови ќе започнат за засилено протерување на лицата на коишто им е одбиено барањето за азил во Германија. За таа цел веќе се организирано чартер летови од различни аеродроми во Германија“, рече германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во петокот најавувајќи од сабота примена на оваа мерка.
Шефот на кабинетот на канцеларката Петер Алтмејер, кој неодамна ја презема координацијата на мерките во справувањето со незапаметената бегалска криза, изјави во разговорот за јавниот сервис ARD дека промената на терминот за построгиот однос во одбивањето на азилантите и економските имигранти е јасен сигнал.
„Ние сакаме, кога станува збор за протерување на оние коишто немаат право да останат во Германија, да бидеме поефикасни и побрзи, и резултатите сакаме да ги видиме уште во текот на годинава“, изјави Алтмејер.
Во германската влада се расправа и за користење на транспортните авиони на германската армија (Бундесверот) со цел да се враќаат лица кои немаат право на престој во земјата.
Еден од најважните елементи на новиот закон за азил е тоа што властите во иднина повеќе нема да ги најавуваат протерувањата, што досега доведуваше до тоа лицата на кои им се заканува протерувањето во моментот на доаѓањето на полицијата да не бидат на пријавените адреси.
Според некои процени, повеќе од 200.000 лица ги очекува прогон од Германија, но големо мнозинство од овие лица според кој службено нивниот статус во Германија „се толерира“ додека не исчезнат причините кои го спречуваат протерувањето. Во големо мнозинство случаи изминатите години протерувањата од хуманитарни причини не се извршуваа во текот на зимските месеци. Локалните власти во германските градови и покраините дека годинава ќе се откажат од таквата практика.
Голем број од лицата кои чекаат на протерување доаѓаа од земјите од ткн западен Балкан. Со новиот законски пакет, сите овие земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, како и претходно Македонија се прогласени за земји од сигурно потекло, што овозможува полесно протерување на граѓаните кои доаѓаат од овие земји.
Во моментов и со Турција, но и со други земји од кои доаѓа најголемиот број лица кои немаат право на политички азил, поради усогласување на мерките за вреќање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.