Европа
Германија со план од десет точки во врска со политиката кон бегалците
Германските министри за надворешни работи и економја, Франк-Валтер Штајнмаер и Зигмар Габриел направиле план од десет точки во врска со политиката кон бегалците, а истиот на 23-ти август бил објавен во германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Германските министри за надворешни работи и економја, Франк-Валтер Штајнмаер и Зигмар Габриел направиле план од десет точки во врска со политиката кон бегалците, а истиот на 23-ти август бил објавен во германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Двајцата министри во планот наведуваат дека Европа стои пред генерациска задача, бидејќи никогаш претходно немало толку луѓе што бегаат од политички прогон и од војна, како што тоа го прават денес.
„Многу од нив бараат заштита кај нас во Европа. Со оглед на кризата во нашето соседство, мораме да сметаме дека тоа би можело да трае со години. Ние, Европејците, должни сме пред самите себе и пред светот да одговориме на големиот предзвик кој го преставуваат овие луѓе кои бараат помош“, наведуваат во планот, и додаваат дека досегашната реакција не била во согласност со задачата која Европа ја постави сама пред себе.
Во планот се наведува дека во Европската унија мора да постојат услови кои се достојни за луѓето, односно европските стандарди кои ќе се почитуваат во секоја држава членка. Единствениот европски кодекс за азил мора на бегалците да им гарантира азил кој ќе важи на подрачјето на целата ЕУ.
„Потребна ни е правилна распределба на бегалците во Европа. Граѓаните на Германија како никогаш претходно се ангажираат околу прифаќање и интеграција на бегалците. Сепак, таа солидарност долгорочно ќе опстане само доколку сите видат дека Европа функционира по праведни принципи. На Европа и е потребно заедничко европско управување со границите. Обезбедувањето на границите притоа не сме да биде единствената работа за која ќе водиме грижа“, наведуваат Штајнмаер и Габриел во планот.
Тие заклучуваат дека веднаш мора да им се помогне на оние држави членки кои во моментов се под голем притисок.
„Не смееме со скрстени раце да набљудуваме како овие луѓе ги ризикуваат своите животи на патот до нас. Средоземното море не смее да биде масовна гробница на очајни бегалци. Во прашање е хуманоста на Европа, па дури и нашата европска слика за човекот воопшто. Бегалците на кои им е потребна помош, долгорочно можеме да им помогнеме само доколку лицата кои немаат право на азил се вратат во своите матичи земји“, потенцирале германските министри, додавајќи дека во ЕУ мора да постои договор околу тоа кои држави се сметаат за „земји на сигурно потекло“.
„Сите држави од западен Балкан сакаат да влезат во ЕУ, а ние со добра причина им даваме перспектива за влез. Меѓутоа тоа значи дека не можеме кон нив истовремено да се однесуваме како кон државите во кои се врши прогон. Државите кои ги исполнуваат критериумите како земји кандидати за членство, на подрачјето на целата територија на ЕУ треба да се сметаат како земји на сигурно потекло“, се вели во планот.
Што се однесува до Германија пак, Штајнмаер и Габриел навеле дека е потребен закон за вселување, односно паметна и насочена политика за вселување кој овозможува легален престој и вработување./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.