Европа
Германија: Во 2015 речиси удвоен бројот протерани на кои им е одбиен статусот бегалци
Бројот протерани лица кои во Германија не добиле статус на бегалци во 2015 година, речиси двојно во однос на претходните години, соопшти во понеделникот германското министерство за внатрешни работи.
До крајот на ноември, од Германија се протерани 18.363 лица, додека во целата мината 2014 година кога земјата присилно морале да ја напуштат 10.884 луѓе.
Меѓутоа, исто така, се удвоил и бројот на барањата за политички азил. До крајот на ноември годинава 425.000 лица поднеле барање, додека за целата 2014-та тоа го сториле 202.000 лица. Но бројот лица кои во 2015-та година во Германија се регистрирале како бегалци и од оние од кои најголем дел допрва се подготвува да поднесе барање за азил, надминал милиони луѓе.
Најголем број протерувања е забележан во сојузната покраина Баварија, во којашто влегува и најголем број бегалци.
Сојузната влада донесе во ноември низа законските мерки коишто би овозможиле полесно протерување лица на кои им е одбиено барањето за азил во Германија. Бројот на одбиените подносители на барање на азил се зголемил особено откако земјите од западен Балкан се прогласени за ткн „земји од сигурно потекло“, што практичко ја исклучува можноста од доделување на статусот азил во Германија.
Сојузната влада од сојузните покраини, коишто инаку се надлежни за протерувањата од Германија, побара да бидат поупорни и побрзо да ги протеруваат лицата за кои не постојат законски услови за престој во Германија.
Во првата половина од 2015-та година, најмалку 40.000 лица чекаа на протерување од Германија, а таа бројка моментално, поради огромниот број бегалци кои во втората половина од годинава пристигнаа дојдоа во Германија, би можел да биде многу поголем.
Во моментов бегалски статус им е гарантиран само на лицата кои доаѓаат од Сирија или до деловите на Ирак кои се зафатени со борбите. Министерството за внатрешни работи е упорно и на засиленото протерување на лица од земјите кои не важат како директно погодени од војни, како што се Авганистан или Пакистан. Така, барање за азил можат да поднесат само оние Авганистанци коишто работеле за сојузничките единици во оваа земја, па затоа им е загрозена нивната како и безбедноста на членовите од нивните семејства./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.