Европа
Германската полиција бара ограда на границата кон Австрија
Поради неконтролираните преминувања на границата, синдикатот на германската полиција побара подигнување на ограда на германско-австриската граница, пренесува во неделата германскиот дневен весник Welt am Sonntag.
„Доколку навистина имаме сериозна намера во целост да ја контролираме границата, тогаш мораме да изградиме ограда по должината на германско-австриската граница“, рекол претседателот на синдикатот на германската полиција Рајнер Венм во разговорот за Welt am Sonntag, неделно издание на дневниот весник Die Welt.
Ова е прв случај во текот на бегалската криза еден висок германски функционер да бара подигнување ограда на германската граница. Венд смета дека подигнувањето на таквата ограда на германско-австриската граница ќе предизвика некој вид домино ефект и кај другите земји од Европската унија.
„Доколку ние на овој начин ја затвориме границата, тогаш и Австрија ќе изгради ограда на границата кон Словенија. И тоа е токму ефектот кој ни е во моментов потребен“, вели Венд. Тој тврди дека ниту планираните „транзитни зони“, во кои бегалците би се запирале пред влегувањето во Германија, нема да бидат можни без подигнување ограда.
Првиот човек на полицискиот синдикат тврди и дека Германија во светот не смее веќе да го испраќа сигналот „Дојдете сите“. Тој предупредува и на внатрешниот мир, доколку не биде сопрен приливот бегалци и имигранти.
„Внатрешната безбедност во Германија е во опасност. Ние сме пред социјални немири,. Некој едноставно мора да ја повлече кочницата,а тоа може да биде само (канвцеларката (Ангела Меркел), вели Венд.
Според последните податоци во германските медиуми кои се повикуваат на извори во министерството за внатрешни работи, во Германија дневно пристигнуваат по околу 10.000 бегалци, Според истите податоци, од почетокот на последниот голем бран бегалци од почетокот на септември до средината на октомври во Германија пристигнале повеќе од 400.000 бегалци.
Според податоците на Сојузното биро за миграции и бегалци (BAmf) од јануари до почетокот од јануари до почетокот на септември во Германија пристигнале 577.000 бегалци. Со тоа е надмината досегашната процена министерството за внатрешни работи од 800.000 бегалци до крајот на годинава./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.