Европа
Германски министер за масакрот во Минхен ги обвинува насилните видео игри
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави во саботата дека насилните видео игри го инспирирале младиот Иранец кој во петокот уби девет луѓе.
„Големиот број игри на интернет кои го величаат насилството без сомнение оставиле трага врз извршителот“, изјави министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер по состанокот на безбедносниот штаб на сојузната влада на кои се расправаше за убиствениот поход на 18-годишникот во Минхен.
Додаде дека станува збор за „дело на поединец“ кој досега им бил „сосема непознат“ на властите и отфрли секаква поврзаност со исламистичкото милје.
Де Мезиер предупреди дека е потребна „функционална околина“ за на време да се откријат однесувањата кои водат кон трагедии како онаа во Минхен.
„Она што ни е потребно се граѓани кои посветуваат внимание“, изјави де Мезиер и додаде дека постојат индиции дека 18-годишниот али Давид Сонболи, син на доселеници од Иран, бил жртва на мобинг во училиштето.
Повеќето од неговите жртви, односно седум, се малолетници од странско потекло. Според информациите на медиумите, Сонболи преку Facebook жртвите ги намамил во ресторанот за брза храна на „McDonalds“, во близина на трговскиот центар „Олимпија“, нудејќи им бесплатно оброци.
Откако во ресторанот и трговскиот центар уби 9 и рани 16 лица, убиецот се самоубил во блискиот парк.
Канцеларката Ангела Меркел во саботата им изрази сочувство на семејствата на жртвите и ја пофали полицијата во главниот град на Баварија за нивното „извонредно професионално“ дејствување./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.