Европа
Германски политичар сака да го промени уставот за да зајакне опозицијата
– Гинтер Гиси, челник на германската опозициска партија Левица (Die Linke)
Опозициски челник побара во средата да се промени германскиот устав, така што поголеми овластувања би добила парламентарната опозиција, којашто во сегашниот состав на Бундестагот има најмал број пратенички мандати во повоената историја на земјата.
Опозициски челник побара во средата да се промени германскиот устав, така што поголеми овластувања би добила парламентарната опозиција, којашто во сегашниот состав на Бундестагот има најмал број пратенички мандати во повоената историја на земјата.
Владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, којашто ја сочинува унијата меѓу нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) со сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU) и најстарата во земјата Социјалдемократската партија на Германија (SPD), лесно може да изгласа измени во уставот на Германија, бидејќи со ткн трета голема коалиција во повоена Германија, располага со потребното двотретинско мнозинство во парламентот.
„Не само што опозицијата мора да биде возможна, таа мора да биде и ефикасна“, изјави Грегор Гиси, челник на партијата Левица (Die Linke) на расправата во Уставниот суд во Карслруе.
Опозициските Левица и Зелените, кои сега имаат 127 од 630-те мандати во Бундестагот (долниот дом), немаат 25 отсто од гласовите кои се потребни од највисокиот суд во земјата да бараат ревизија на некој закон или да покренат парламентарна истрага.
Оттаму, двете партии бараат тој процентен праг да се намали, бидејќи, како што тврдат, ваквата состојба предизвикува недостиг од демократија. Канцеларката Меркел редовно ја критикуваат дека прифаќа некои политички пораки од левицата и со тоа ја ограничува ефикасноста на левите опозициски партии./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои освен германско државјанство имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање на воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“ во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.