Европа
Германскиот сатиричар одбива спогодба за наводните навреди на Ердоган
– Јан Боемерман
Германскиот сатиричар Јан Боемерман, против кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган подигна кривична пријава за навреда, одби да ја потпише изјавата во која се обврзува дека тоа дело нема да го повтори во иднина, изјави во четвртокот неговиот адвокат.
Германскиот сатиричар Јан Боемерман, против кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган подигна кривична пријава за навреда, одби да ја потпише изјавата во која се обврзува дека тоа дело нема да го повтори во иднина, изјави во четвртокот неговиот адвокат.
Истовремено и вработените во германскиот јавен сервис ZDF се побунија против симнувањето на спорниот сатиричен прилог од интернет страницата на телевизијата.
„Јан Боемернам нема да ја потпише изјавата во којашто се обврзува дека нема да го повтори делото поради коешто турскиот претседател Ердоган го тужи“, изјави адвокатот на сатиричарот, Кристијан Шерц.
Истовремено појасни дека турските адвокати „погрешно го сфатиле“ прилогот на Боермерман во емисијата „Neo Magazin Royale“, која пред две седмици беше емитувана на јавниот сервис ZDF.
„Целата работа е погрешно сфатена и извадена од контекстот. Во прилогот, всушност, станува збор за тоа што во Германија е дозволено, а што не“, изјави Шерц.
Боемерман во својата емисија, емитувана на 31-ви март, откако беше прочитана песната во која турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е доведен во врска со педофилија и содомија, изјави дека станува збор за исмејување што во Германија е забрането. Тој, како што толкува неговиот адвокат, само сакал да укаже на тоа што во Германија е забрането.
Потоа турската влада на Германија ѝ упати барање за кривичен прогон на Боемерман повикувајќи се на членот 103 од германскиот кривичен законик кој предвидува казна за навреда на странски државници.
Германската влада од понеделникот го разгледува ова барање на Турција, nо во меѓувреме и Ердоган лично подигна пријава против Боемерман. Вработените во јавниот свет ZDF бараат во писмено соопштение враќање на спорниот прилог, кој е симнат од интернет ресурсот по избувнувањето на скандалот.
Случајот на Боемерман предизвика големо внимание во германската јавност и ја поттикна расправата за тоа дали германската влада да му излезе пресрет на еден државник кој спроведува контроверзна политика, особено кога станува збор за слободата на медиумите и мислењето.
Германската канцеларка Ангела Меркел во разговорот со турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја критикувала содржината на прилогот на сатиричарот како обид за „свесно навредување“, но во повеќе наврати повтори дека за слободата на мислењето и уметноста, која ја гарантира германскиот устав – „не преговара“.
Боемерман би можел кривично да одговара врз основа на споменатиот член од германскиот кривичен закон, но, исто така, можено е избегнување на процес со постигнување спогодба, односно давање изјава за тоа дека нема да го повтори истото дело./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.