Европа
Германските Евреи силно ги критикуваa антиисламските протести
Претседателот на Централниот совет на Евреите на Германија, Јозеф Шустер во интервју за саботното издание на весникот Die Wlwt жестоко ги критикуваше неодамнешните протести во организација на групата Pegida „против исламизацијата на земјата“.
Претседателот на Централниот совет на Евреите на Германија, Јозеф Шустер во интервју за саботното издание на весникот Die Wlwt жестоко ги критикуваше неодамнешните протести во организација на групата Pegida „против исламизацијата на земјата“.
„Тука гледаме мешавина на неонацистите, партиите од крајната десница и граѓани кои конечно можат да му се препуштат на својот расизам и омраза кон се’ што туѓо“, вели Јозеф Шустер, кој на функцијата претседател на Централниот совет на Евреите во Германија беше избран кон крајот на ноември.
„Никако не смеат да бидат потценети тие луѓе од Pediga, тоа движење е опасно како пожар“, оценува, тврдејќи дека споменатата групација која се нарекува „Родољубни Европејци против исламизација на земјата“ го инструментализира исламскиот тероризам за да „извалка цела една вера“.
„Тоа е апсолутно неприфатливо Да се искористат неколкумина исламисти за тезата дека на Германија ѝ се заканува воспоставување исламистичка теократија, е исто толку апсурдно колку што би можело да се заклучи дека поради неколку десни екстремисти утре ќе се врати националсоцијалистичката диктатура“, појаснува Шустер.
Во понеделникот 15 илјади луѓе одново протестираа во Дрезден против „исламизацијата на земјата“. Протестите на движењето Pegida, благодарејќи на силниот медиумски простор, проширија и во другите градови на уште четири пет града во Германија, земја којашто стана главната европска дестинација за имигрантите, особено за бегалци, 180 илјади во 2014 година, дури 57 отсто повеќе отколку 2013 година. Германија, исто така, е на прво место во првото место во Европа според баратели на азил.
Во разговор за радото Deutsche Welle, претседателот на Протестантската црква во Германија (EKD) Хајнрих Беформ-Стром во петокот повика „јасно да се каже не“ на нападите на религијата, барателите на азил и бегалците, но протестантите не ги карактеризираше како неонацисти.
Првиот човек на германските католички свештеници Рејнард Маркс ги повика верниците да се водат од својата политичка совест, но не ги осуди протестите. „секој мора да помисли зад какви симболи сака да оди“.рече./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.