Европа
Гнев кај француските полицајци откако Оланд се вклучи во преговорите
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, одлучи да се сретне со лидерите на полициските синдикати по четири ноќи ненајавени протести во Париз, но и во други градови низ државата.
Стотици полицајци повторно ги зазедоа улиците на Париз, во четвртата по ред ноќ демонстрации во која се бараат промени и построги казни за оние кои напаѓаат полицајци.Протести имаше и во другите француски градови во четврток вечер и покрај напорите на владата да се справи со гневот на полицајците во време кога земјата влегува во предизборна трка за избор на претседател.Околу 500 полицајци, повеќето облечени во цивил, а некои и со делумно прекриени лица протестираа во близина на Ајфеловата кула.„На полицајците им треба почит. Францускиот народ ги сака, и не само по убиствата во „Шарли Ебдо““, вели премиерот Мануел Валс, потсетувајќи на нападот од лани врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, во кој загинаа повеќе новинари и службеници.Тој повика на смиреност и мир и им порача на полицајците дека може да сметаат на неговата поддршка, солидарност, разбирање и посветеност.Со највисоко ниво на безбедност, полицајците се под постојана целосна опрема од нападот на четворица полицајци со бомба во едно париско предградие пред десетина дена. Имено, на 8 октомври едена 28-годишен полицаец се здоби со силни изгореници кога беше нападнат со гасна бомба за време на патрола во предградие на Париз. Тој се уште е во кома.Полициските синдикати, кои веќе остварија средба со министерот за внатрешни работи Бернард Казанев, бараат средба со претседателот Франсоа Оланд и бараат максимални казни за напаѓачите на полицијата.Оланд, рано наутро во петокот изјави дека планира состанок со претставници на полициските синдикати на почетокот на следната недела.Според француските закони, полицајците може да протестираат само надвор од работно време, односно кога не се на должност, без униформи и без оружје и возила.
Социјалистичката влада го обвини поранешниот претседател Николас Саркози дека отпуштил 10.000 полицајци за време на неговиот мандат од 2007 до 2012 година.Саркози, кој планира повторно како кандидат на десницата да ја трча претседателската трка, овие обвинувања ги нарече лаги./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.