Европа
Гранати на украинската армија погодија училиште и минибус во Донецк, има мртви
Властите на самопрогласената Донецка народна република во побунетиот рускојазичен исток на Украина соопштија во средата дека гранати истрелани од позициите на армијата лојална на прозападните власти во Киев, погодиле основно училиште во Донецк, при што им најмалку четири жртви, додека во продолжени од гранатирањето бил погоден и минибус со цивили при што загинале осум луѓе.
Властите на самопрогласената Донецка народна република во побунетиот рускојазичен исток на Украина соопштија во средата дека гранати истрелани од позициите на армијата лојална на прозападните власти во Киев, погодиле основно училиште во Донецк, при што им најмалку четири жртви, додека во продолжени од гранатирањето бил погоден и минибус со цивили при што загинале осум луѓе.
Во средата, 1-ви октомври, започнаа официјално учебната година во источна Украина, бидејќи на вообичаениот прв училишен ден 1-ви септември тоа беше невозможно поради борбените дејствија кога украинската армија се обидуваше да продре во предградијата на Донецк.
„Беше изведен артилериски удар врз училиште во квартот Киевски,“, изјавил заменикот за образование и наука на самопрогласената ДНР, Игор Костенок за новинарите, пренесува РИА Новости.
Според податоците што тој ги поседувал, две лица загинале а три се ранети. Прецизирал дека меѓу настраданите нема деца.
Од друга страна, челникот на побунетиот Донецки регион, етничкиот Украинец Александр Захарченко, изјавил дека во гаѓањето на училиштето за среќа немало настрадани немало ученици и наставници, туку загинале четворица случајни минувачи.
Во продолжение на гранатирањето на Донецк кој е најголемиот центар на проруските бунтовници кои од април се борат со силите лојални на прозападните власти во Киев чиј легитимитет не го признаваат, бил погоден минибус на редовна релација при што загинале осум луѓе, пренесува Итар-Тасс повикувајќи се на министерството за одбрана на ткн Донецка република./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости/Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.