Европа
Хакери исламисти го прекинаа емитувањето на француската TV5 Monde
Група хакери која се претставува за дел од џихадистичката терористичка организација Исламска држава околу 22 часот ноќта кон четвртокот извршиле масивен напад врз ресурсите на меѓународната франкофонска телевизија TV5 Monde, по што каналот и по полноќ остана без звук, а на неговата фреквенција се појави црн екран
„Ние повеќе не сме во можност да го пренесуваме сигналот преку ниеден од нашите канали“, изјави за AFP, генералниот директор на телевизиската компанија, Ив Биго.
Хакерскиот упад, исто така, бил извршен и врз интернет ресурсите на TV5 Monde. Официјалниот сајт на телевизијата е недостапен, а на главната страница се поставени технички информации дека во моментот на него се работи. Нападнати биле и официјалните страници на телевизијата на социјалните мрежи.
Некое време по полноќ на профилот на TV5 Monde на мрежата Facebook можеа да се видат фотографии на лица во црни облеки и со арапски марами, со натписот „Cybercaliphate“ и „Je suIS-IS“ (јас сум Исламска држава, парафраза на мото „Јас сум Шарли Ебдо, по јануарските напади врз редакцијата на овој париски сатиричен весник поради објавување карикатури на пророкот Мухамед во кој беа убиени 12 луѓе). Меѓу постовите беа објавени закани за француските војници коишто учествуваат во операциите против исламистите во Африка и на Блискиот исток.
По извесно време работата на ресурсите на француската телевизија на социјалните мрежи се врати во нормала, „Нашите адреси на социјалните мрежи исто како и официјалната веб страница и телевизиската фреквенција во моментов се подложени на голем хакерски атак“, се наведува во соопштението на TV5 Monde на Тwitter./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.