Европа
Холандската крајна десница објави карикатури на пророкот Мухамед
– Геерт Вилдерс,лидер на холандската крајна десница
Холандскиот политичар од крајната десница кој се противи на, според него, исламизацијата на земјата, Геерт Вилдерс, како што најави минатата седмица во средата на холандската телевизија, во терминот резервиран за политичките партии, прикажа карикатури на пророкот Мухамед кој требаше да бидат изложени на конкурс на карикатуристи во мај во американската сојузна држава Тексас.
Холандскиот политичар од крајната десница кој се противи на, според него, исламизацијата на земјата, Геерт Вилдерс, како што најави минатата седмица во средата на холандската телевизија, во терминот резервиран за политичките партии, прикажа карикатури на пророкот Мухамед кој требаше да бидат изложени на конкурс на карикатуристи во мај во американската сојузна држава Тексас.
Портпаролот на Советот на мароканските џамии во Холандија, Аиса Занзен оцени дека акцијата на Геерт Вилдерс е „претстава за добивање публицитет“. „Вилдерс сака да ги испровоцира муслиманите и прави сé за да ги провоцира“, рече Занзен.
Вилдерс во триминутната емисија ги најави карикатурите кои потоа беа прикажани на екранот проследени со музика на клавир. Прикажувањето на карикатурите се настанати на конкурсот за карикатуристи во мај годинава во Тексас кои беа нападнати од двајца вооружени напаѓачи.
Вилдерс и Памела Гелер, една од неговите американски спонзори кои го организираа конкурсот во Тексас, тогаш се наоѓаа на местото каде што се одржуваше изложбата на карикатурите, но во нападот не беа повредени.
Напаѓачите Елтон Симпсон и Надир Суфи од градот Феникс беа убиени од полицијата откако отворија оган врз учесниците на изложбата во градот Гарланд, За нападот, во кој беше рането едно лице, одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава.
Во изјавата објавена по повод прикажувањето на карикатурите на холандската телевизија, Вилдерс ги отфрли тврдењата дека сака даги провоцира муслиманите. „Го правам тоа, бидејќи морам да покажам дека се залагаме за слободата на говорот и дека никогаш нема да му подлегнеме на насилството“, истакна Вилдерс.
Во муслиманскиот свет приказите на пророкот Мухамед, вклучително и карикатурите, се сметаат за непристојни и богохулни, а телевизијата поради нивното емитување би можела на Слободарската партија (PVV) на Вилдерс да ѝ одреди санкции.
Холандските амбасади во странство се предупредени да ги зголемат мерките за безбедност, по емитувањата на карикатурите, бидејќи се очекуваат жестоки протести на муслиманите. Покрај тоа се потсетува на мајскиот напад во Тексас, како последен од серијата напади поттикнати од објавување карикатури на Мухамед, по оние во Париз на 12-ти јануари, кога беа убиени 17 луѓе заедно со напаѓачите, потоа во Копенхаген каде беа убиени две лица, и повеќето напади и обиди за атентати врз карикатуристи во Шведска и Данска изминатата деценија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.