Европа
Инциденти и апсења на забранетиот пропалестински собир во Париз
Најмалку четириесет лица се приведени во саботата во Париз на забранетиот пропалистинскиот собир на кој силите за одржување на редот примениле солзавец против кој ги гаѓала со камења и шишиња.
На парискиот Плоштад Републиката во 15 часот по локално време се собрале околу пет илјади лица, иако полицијата претходно го забрани прогласувајќи го за собир од висок ризик од насилства. Париската полиција не ги растера собраните, но околу плоштадот распореди голем број свои припадници.Меѓу демонстрантите најмногу имаше млади луѓе чии лица беа покриени со шамии. Тие со камења и други предмети ја гаѓаа полиција и кршеа излози на продавниците, пренесуваат медиумите. Четириесет лица се приведени, од кои дваесетина веднаш се притворени, соопштил полициски извор за AFP.Во француската престолнина се мобилизирани околу две илјади полицајци, кои беа распоредени околу Плоштадот на Републиката и квартот Бастија, каде по протестниот собир одржан на 13-ти јули избија судири крај синагогата. Последните денови откако се одржуваат протестите се случија повеќе судири на демонстрантите со полицијата, како и напади врз синагогите и еврејски продавници. За разлика од пропалестинските собири низ цела Европа коишто не предизвикуваат полемики, во Франција протестите против израелската офанзива во палестинската енклава Појасот Газа се проследени со контроверзии за забрана на некои собирања и за пораст на антисемитизмот.Францускиот претседател Франсоа Оланд, кого дел од неговата левица и дел од десничарската опозиција го критикуваат поради улогата на „пожарникар пироман“ со забранувањето на протестите, повтори дека „уставниот поредок мора да се почитува и да се отфрлат паролите кои изразуваат омраза“. Некои од демонстрантите, невладините организации, па и политичари од владејачките социјалисти во Франција, ги критикуваат забраните како контрапродуктивни. Министерот за внатрешни работи Бернард Казанев изјави, пак, дека во последните две седмици биле забранети пет протесни собири, од 300 такви одржани во цела Франција. Невладините организации Amnesty International и Human Rights Watch изразија, пак, загриженост поради ограничувањето на „слободата на соирањето“.Организаторите на денешниот собир ги негираат обвинувањата за антисемитизам. „Нашата цел не е да ги нападнеме Евреите, туку да ја осудиме политиката на израелската влада“, изјави Тарек Бен Хиба, локален политичар и челник на 20 здруженија кои го организираа протестот. Пропалестинските собори организирани се во саботата и во другите француски градови, како и секој викенд од почетокот на израелската офанзива во газа на 8-ми јули.Франција ги има најголемата еврејска и најголемата муслиманска заедница во Европа и тензиите кои повремени избиваат на Блискиот исток, често создаваа и нови нетрпеливости меѓу тамошните две заедници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.