Европа
Интерпол и тимови од Холандија и Франција заминуваат за Украина
Откако претходно ја понуди својата помош, Интерпол во петокот навечер објави дека во рок од 48 часа е подготвен да испрати екипа за помош при идентификација на жртвите во падот на авионот на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ кој падна во четвртокот во источна Украина.
Споменатата меѓународна полициска организација чие седиште е во градот Лион во Франција, соопшти дека на барање на украинските власти подготвува да го испрати својот тим експерти во следните 48 часа. Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл претходно ја понуди помошта на сите земји членки во идентификација аи враќањето на посрмтните останки на патниците од летот МН17 од Амстердам за Куала Лумпур. Една екипа од холандското Биро за безбедност отпатува в Украина заедно со министерот за надворешни работи Франк Тимерманс, поради истрагата на малезискиот авион во кој загинаа 189 холандски државјани меѓу кои и еден од најценетите светски научници и експерти за СИДА, Холанѓанецот Јоеп Ланге, а заедно со него на 20-та Меѓународната конференција за СИДА која во недела ќе се одржи во австралиски Мелбурн, со истиот лет патувале и многу други научници. Јоеп Ланге, професор на Универзитетот во Амстердам и поранешен претседател на Меѓународното здружение за лекување на СИДА-та, повеќе од три децении беше ангажиран во истражувањето и борбата против ширењето на ХИВ вирусот и сузбивањето на оваа неизлечива болест, а беше познат и по заговарањето на поевтин пристап до лекувањето во сиромашните земји во светот.„Ќе се обидеме на истражителите да им овозможиме пристап до подрачјата на падот на авионот“, изјави на прес-конференција шефот на холандската дипломатија Тимерманс, Портпаролот на министерството во петокот навечер изјави дека таа екипа веќе отпатувала за Киев.Франција на располагање ставила двајца свои експерти и понудила технички средства за спроведување на истрагата за причините за несреќата во Украина, соопшти француската влада.„Француското биро за безбедност во цивилниот воздушен сообраќај одреди двајца стручњаци кои се подготвени да учествуваат во меѓународната истрага“, се наведува во заедничкото соопштение на министерот за надворешни работи Лорен Фабиус и на државниот секретар за сообраќај Фредерик Кувеије./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.