Европа
ИС со видео со напаѓачите од Париз и се заканува на Велика Британија
Исламската држава објави видео во неделата, во кое се прикажани сите девет напаѓачи, кои во ноември извршија напади во Париз и убија 130 луѓе, а видеото содржи закана за Велика Британија.
Видеото е поставено на џихадистичката веб страна насловена како „Kill wherever you find them” (Убиј ги каде и да ги најдеш), а во него се прикажани четворицата Белгијци, тројцата француски државјани и двајца Ирачани, напаѓачи од Париз. Во видеото џихадистите се обраќаат на француски и на арапски јазик, и велат „пораката е адресирана до сите земји кои соучествуваат во коалицијата (водена од САД)“ кои се борат против ИС во Сирија и во Ирак од септември 2014 година.
Прикажани се и фотографии на британскиот премиер Дејвид Камерон, заедно со зборовите на англиски: „Whoever stands in the ranks of kufr (unbelievers) will be a target for our swords.”, „Кој и да стои на страната на неверниците ќе биде мета на нашите мечеви“.Видеото, произведено од ИС Al-Hayat Media Centre на ИС, ги опишува деветте џихадисти како лавови кои ја паднале Франција на колена.Снимката покажува слики од координираните напaди на Париз, како и безбедносните мерки на француските специјални сили за време на нападот, но и џихадистите како обезглавуваат и убиваат луѓе опишани како заложници.Не е јасно зошто видеото е објавено два месеца по нападите на 13 ноември во Париз. Седуммина од напаѓачите загинаа за време на нападите, а двајца им побегнаа на полицајците, иако точната бројка на оние кои учествувале останува непозната.Меѓу оние кои се прикажани во видеото е и Абделхамид Абауд, познат и како Абу Умар ал-Баљики, или Абу Умар Белгиецот.Абауд, кој беше познат на полицијата дека се борел на страната на ИС во Сирија, беше убиен од полицијата неколку дена по нападите во Париз, при претрес на еден стан.Во реакција на видеото, претседателот на Франција, Франсоа Оланд вели: „Ништо нема да нè одврати, ни закана нема да ја поколеба Франција во борбата против тероризмот“. Оланд рече дека нападите во Париз биле планирани во Сирија, но подготвувани и организирани во Белгија.Белгиската полиција формално има осудено 11 во случајот, повеќето жители на проблематичната населба Моленбек во Брисел.Четворица остануваа недостапни за полицијата меѓу кои и Салах Абдеслам кој ги довезол напаѓачите до стадионот во Париз, а потоа излегол од земјата со автомобил, како и Мохамед Абрини, кој наводно им помагал на напаѓачите и двајцата се од Моленбек./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.