Европа
Италија: Бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 267
Бројот на загинатите во силниот земјотрес кој во средата на 24-ти август го погоди централниот дел од Италија во петокот се зголеми на 267, а 387 луѓе уште се наоѓаат во болниците, објави италијанската служба за цивилна заштита.
Во петокот романското министерство за надворешни работи објави дека во земјотресот со магнитуда од 6,0 по Рихтер од средата рано утрото загинале шест државјани на Романија, а уште петмина се повредени и се хоспитализирани. Уште 17 државјани на Романија се сметаат за исчезнати во земјотресот во централна Италија.
Почвата продолжи да се тресе и ноќта кон петокот во централна Италија, каде што неколку села се урнати во потресот од средата, а спасувачите ја продолжуваат потрагата по евентуално преживеаните.
Според италијанскиот национален центар за земјотреси, во текот на ноќта од четвртокот кон петокот регистрирани се 57 помали потреси, меѓу кои серија со магнитуда од 3 до 3,8 околу полноќ. Вкупно од средата се регистрирани 900 треперења на почвата со различни магнитуди.
Власите сé уште не можат да го одредат бројот на вкупно исчезнатите лица. Населението на овие живописни туристички гратчиња се зголемува двојно или тројно во текот на летото и тешко е да се знае прецизно колку лица имало во областа во малите хотели или викенд куќи во моментот на трагедијата. Вкупно меѓу загинатите се најмалку осум странци, меѓутоа италијанските власти не ја соопштија нивната националност.
Околу локациите погодени од земјотресот поставени се шатори кои се загреваат преку ноќта зашто во овој планински дел од Италија температурите можат да паднат и под 10 Целзиусови степени. Многу шатори, меѓутоа, останале празни, бидејќи некои жители се засолнале кај роднини или пријател, а некои, пак, повеќе сакале да минат уште една ноќ во своите автомобили.
Италијанската влада вети во четвртокот спроведување на планот за превенција од земјотреси на целиот полуостров и деблокирање на првата транша од помошта за погодените области од 50 милиони евра.
Повеќе до 24 часа по земјотресот, италијанската јавност се прашува за причините за толку големиот број загинати во планинската област, која е релативно слабо населена, и каде што најмалку три села се делумно урнати. Во април 2009 година во земјотресот во Аквила, недалеку од зоната на земјотресот од средата, имаше повеќе од 300 загинати, но станува збор за град со неколку десетина жители.
Италија е особено шокирана со случајот на училиштето во Аматриче, обновено во 2012 година, за да биде прилагодено на нормите против земјотреси, а се урна во сегашниот потрес од средата. Обвинителот од Риети, град во близина на местото на потресот, отвори истрага поради процена на евентуалните малверзации при градењето објекти во Аматриче и другите села.
Свесен за овие прашања, италијанскиот премиер Матео Ренци најави во четвртокот вечерта покренување на планот за превенции наречен „Каза Италија“, кој ќе биде централната точка на дејствување на неговата влада во таа насока. „Италија мора да има визија која не се ограничува на управувањето со вонредните ситуации“, појасни Ренци пред новинарите по завршувањето на седницата на советот на министрите.
Земјотресот од средата оштетил или уништил 293 објекти кои имаат културна вредност, соопшти министерот за култура Дарио Франческини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.