Контакт

Европа

Италија: Референдумот не мина, опозицијата бара оставка од Ренци

Објавено пред

Италијанскиот премиер Мате Ренци доживеа тежок пораз на референдумот за уставните промени, објави агенцијата Reuters повикувајќи се на излезните анкети и прелименарните неслужбени резултатите од референдумот, додека опозицијата ја бара неговата ветена оставка.

Прелиминарните резултати од излезните анкети, иако неофицијални, покажуваат дека против уставните реформи барани од премиерот Матео Ренци гласале 57 и 61 отсто од гласачите, додека за промените биле меѓу 39 и 43 отсто. Се очекува секој момент да ѝ се обрати на нацијата и самиот Ренци, кому овој референдум може да му ја одреди политичката кариера, бидејќи претходно најави дека ќе поднесе оставка, доколку реформите не бидат потврдени на референдумот во неделата.

Ренци треба да поднесе оставка рече за RAI еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Силвио Берлусони, влијателниот активист на опозициската партија Напред Италија, Ренато Брунета.

„Ренци мора да поднесе оставка. Ова е голема победа на демократијата, и доколку резултатите бидат потврдена, тоа е голема победа на „не““ на референдумското прашање, рече поранешниот министер Брунета.

Оставката којашто во текот на кампањата ја вети Ренци доколку победат противниците на уставните реформи, во неделата побара и челникот на Северната лига, Матео Салвини./крај/мф/сн

Европа

Австрија веќе нема да јa користи вакцината на „Астразенека“

Објавено пред

Австрија веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“ во процесот на вакцинирање, најави министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Тој рече дека причина за тоа е проблемот со испораките што ги има шведско-британскиот фармацевтски концерн.

Микштајн рече дека за втората доза, за граѓаните кои ја примиле првата доза на „Астразенека“, има доволно вакцини од тој производител во магацините.

Тој најави дека во иднина Австрија ќе се потпре на својата кампања за вакцинирање само на mRNA вакцините на „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“, како и на векторската вакцина „Џонсон и Џонсон“.

И нарачаните количини за 2022 и 2023 година се состојат од 90 проценти од mRNA вакцини, додаде Микштајн.

Тој рече дека неговата одлука нема никаква врска со наводното послабо дејство на „Астразенека“, што, како што вели, не е случај, туку само со проблеми со испораката.

ЕУ не го продолжи договорот со „Астразенека“.

Прикажи повеќе...

Европа

Студија: 96 проценти од Британците развиле антитела по првата доза

Објавено пред

Повеќе од 90 проценти од Британците имаат антитела против коронавирус по една доза вакцина на „Астразенека“ или „Фајзер“, и речиси 100 проценти по втората доза, покажува истражувањето спроведено на 8.517 луѓе во Англија и Велс.

Студијата од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 луѓе развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а тој процент се зголемил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена од втората доза, пренесува „Гардијан“. Истражувачите истакнаа дека ова е одлична вест и вистински научен подвиг, додавајќи дека вакцините функционираат исклучително, особено со оглед на брзината со која се развиени.

Просечната возраст на учесниците во истражувањето е 65 години, односно истражувањето е спроведено меѓу постарата популација, која прва се вакцинирала во Велика Британија. Студијата покажа дека нивото на антитела на почетокот побрзо пораснало кај луѓето кои примиле вакцина на „Фајзер“ отколку кај оние кои биле вакцинирани со „Астразенека“, но по четири недели и едните и другите имале речиси исто ниво на антитела.

Исто така, по првата доза на вакцината, нивото на антитела било пониско кај постарите луѓе. Меѓутоа, кога ја примиле втората доза, луѓето од сите возрасти имале изедначено ниво на антитела. Нивото на антитела било исто така пониско кај луѓето со одредени болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Таа разлика исчезнала кога сите учесници во студијата добиле втора доза, се вели во студијата.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Германија ќе овозможи вакцинирање за сите возрасни од јуни

Објавено пред

Германија ќе стави крај на практиката за вакцинирање на ранливи групи од 7 јуни и ќе им обезбеди на сите возрасни бесплатни вакцини, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

„Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни“, рече Шпан, укажувајќи на постојните логистички проблеми. Сепак, тој го повтори ветувањето на владата дека секој граѓанин што сака да се вакцинира ќе може да ја прими вакцината во текот на летото. Тој додаде дека властите разговараат кога и како да се дозволи вакцинирање на деца и млади на возраст од 12 до 16 години.

Европската агенција за лекови (ЕМА) има намера да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ во јуни за оваа возрасна група и можно е тоа да се случи кон крајот на овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија2 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет2 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија2 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет3 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет3 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет3 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет3 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион16 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија17 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија17 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа17 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија20 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија23 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет24 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија24 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Досие