Европа
Италија: Ренци ќе се обрати по полноќ, голем одѕив на референдумот
Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе ѝ се обрати на нацијата по полноќ, еден час по затворањето на избирачките места на коишто Италијанците во неделата гласаа референдумот за уставната реформа, соопштија владини извори.
Италијанскиот премиер Матео Ренци, кој инсистираше на уставните реформи, најави дека ќе поднесе оставка доколку референдумот не мине. Тоа ја загрижува Европската унија бидејќи се стравува дека по шокот предизвикан од британското излекување од Униката и јакнењето на десните и популистичките движења би можела да избувне нова нестабилност во Италија, третата по обемот економија во еврозоната.
Излезните анкети ќе бидат објавени по затворањето на избирачките места во 23 часот по локално време, а целосните резултати ќе бидат познати најрано околу 2 часот ноќта кон понеделникот.
Италијанците во голем број излегле на гласањето. До 19 часот, според податоците на министерството за внатрешни работи кои се воедно и последните објавени во неделата, гласале 57, 24 отсто.
Речиси две третини од избирачите гласале во богатите региони на северна Италија, а одѕивот бил многу понизок во јужните посиромашни делови од земјата, што според коментаторите треба да е добра вест за останување на Ренци на власт./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека уште четири лица се уште се под урнатините, соопштија регионалниот гувернер и итната помош.
Уште 22 лица се повредени, изјави гувернерот Иван Федоров на својот канал на Телеграм. „Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, рече тој.
Russia bombed a hospital in Zaporizhzhia in Ukraine. The cowards only know murder.
Any state that attacks civilians, hospitals and medical personnel deserves to be disbanded. And those who order those atrocities should be tried as the murderers they are. pic.twitter.com/8Yk6TeCCmA
— Anonymous (@YourAnonCentral) December 10, 2024
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека нејзините спасувачи успеале да ги извлечат двете жени од под урнатините на зградата во текот на ноќта. Фотографиите објавени на канал на Телеграм покажуваат спасувачи и машини кои работат во купишта урнатини од урнатата зграда.
Русија редовно изведува воздушни напади врз Запорожје и околината. Во нападот врз градот минатиот петок загинаа 10 лица, а повеќе од 20 беа ранети. Двете страни негираат дека целта на нивните напади биле цивили, велејќи дека нападите имаат за цел да ја поткопаат инфраструктурата клучна за меѓусебните воени напори.
Претседателот Володимир Зеленски во вторникот ги повика сојузниците на Украина да обезбедат уште 10-12 системи за противвоздушна одбрана Патриот за кои рече дека целосно ќе го заштитат небото на земјата. Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина постојано бараше од своите сојузници да обезбедат понапредни системи за противвоздушна одбрана.
Европа
(Видео) Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин
Русија го транспортираше Башар ал Асад, кој беше соборен со молскавична офанзива од позицијата на претседател на Сирија, на „најбезбеден начин“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Рјабков за Ен-би-си Њуз во синоќешното интервју.
Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија. Неговиот пад е голем удар за Иран и Русија, кои интервенираа во 13-годишната граѓанска војна во Сирија за да се обидат да ја консолидираат неговата власт и покрај барањата на Западот тој да се повлече. „Тој е обезбеден и тоа покажува дека Русија се однесува како што треба во вонредна ситуација“, изјави Рјабков за Ен-би-си. Тој додаде дека нема да елаборира „што се случило и како е решено“.
На прашањето дали Русија ќе го предаде Асад на судење, Рјабков рече дека Русија не е странка на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд.
Москва ја поддржува Сирија уште од раните денови на Студената војна, признавајќи ја нејзината независност во 1944 година кога Дамаск се обиде да ја собори француската колонијална власт. Западот ја гледаше Сирија како советски сателит. Во вторникот Мохамад ал Башир објави дека ја презема функцијата привремен премиер со поддршка на поранешните бунтовници кои го соборија Асад.
Рјабков рече дека Русија „дефинитивно ќе биде подготвена да размисли“ за уште една размена на затвореници, слична на размената во август со новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович.
„Нов договор би бил здрав чекор напред, особено на почетокот на следната администрација“, изјави Рјабков за Ен-би-си, додавајќи дека не сака ништо да прејудицира.
Европа
Советникот на украинскиот претседател: Трамп и Зеленски ќе се договорат, ја создаваме Украина 2.0
„Приказната што треба да ја раскажете е за Украина 2.0“, вели Олександр Камишин, новиот стратешки советник на украинскиот претседател Зеленски, додека тој крева чаша за време на вечерата со ветераните и војниците. „Конечно, работите си доаѓаат на свое место“, додава тој во интервју за „Телеграф“.
Тој ја опишува својата работа како пожарникар. Секојдневно се среќава со претседателот Зеленски, кој го упатува да решава разни кризни прашања – од здравство и инфраструктура до производство на енергија и муниција. Со толку широк поглед на клучните сектори Камишин нуди визија за Украина по примирјето: земја што би можела да стане клучен дел од Европа со луѓе што се издржливи, технолошки напредни, вешти во развојот на дронови и одржување на железницата.
„Украина 2.0 носи лекции за одбранбената индустрија, здравството, службите за итни случаи и железничкиот систем“, вели Камишин. „Тоа не е сликата по која сакавме да бидеме познати, но научивме вредни лекции. Подготвени сме да го споделиме тоа знаење со светот“.
40-годишниот Камишин стана препознатливо лице за време на војната. Роден и израснат во Киев тој ја почна својата кариера во приватниот сектор работејќи во КПМГ и како менаџер за инвестиции пред да биде назначен за вршител на должноста директор на украинските железници во 2021 година.
По почетокот на инвазијата во 2022 година, „Укрзализница“ го доби прекарот Железна железница станувајќи извор на национална гордост и клучен елемент на логистиката. На безбедно превезувала бегалци и ранети, а во спротивна насока испраќала помош и опрема на фронтот. Во најкритичните моменти тие превезуваа по 190.000 луѓе дневно бесплатно, со воено организирана структура.
Во февруари 2023 година Камишин беше промовиран на позицијата министер за стратешки индустрии, со клучна задача да го зголеми домашното производство на муниција. Под негово водство Украина значително го зголеми производството на оружје и разви сопствен ракетен систем со долг дострел „Паљаница“, кој сега е во масовно производство.
„Тоа е вистински украински производ“, вели Камишин. „Еден ден тоа ќе им треба на Австралија, Велика Британија и на Јапонија. Затоа што, верувајте ми, Кина ќе тргне по Тајван, а Северна Кореја по Јужна Кореја. Наивно мислев дека Русите ќе се откажат. Сега знаеме подобро“.
На вечерата се собраа луѓе со слично убедување – енергични и иновативни, подготвени да ѝ помогнат на Европа да ги реши проблемите. Меѓу нив беше и Олександар Пертовски, новиот шеф на украинските железници, кој како и Камишин дојде од приватниот сектор, каде што работеше за ДХЛ во Сингапур. „Кога ќе завршиме со војната, ќе ви ги решиме проблемите со снегот на шините и лисјата на шините“, се пошегува тој.
Највпечатлива фигура на вечерта беше Серхиј Волински, 32-годишен војник и воен херој, чиј пиштол вметнат во појасот е единствениот знак на неговата професија. За време на опсадата на Мариупол во 2022 година тој водел 500 војници од челичарницата „Илич“ кон „Азовстал“, каде што дале очајнички отпор пред да се предадат. По четири месеци во заробеништво, тој беше разменет и прогласен за херој на Украина, што е највисока државна награда.
„Во Велика Британија немаат никој кој му е рамен“, вели Камишин. „Тој е воен талент, кој може да тренира војници во целиот свет“.
„Сите очекуваат дека САД ќе ја намалат нашата поддршка“, вели Камишин. „Но, Трамп сака договори. Мојот претседател исто така сака договори. Ќе најдат заеднички јазик“.