Контакт

Европа

Јанукович поднесе тужба против Европската унија

Објавено пред

Симнатиот украински претседател, Виктор Јанукович, поднел тужба до Европскиот суд, чие седиште е во Луксембург, жалејќи се за санкциите кои официјален Брисел ги воведе против него и неговите двајца синови.

Европскиот суд објави дека против ЕУ тужби поднеле повеќе истакнати учесници во украинската криза, меѓу кои и поранешниот премиер, Микола Азаров, и неговиот син, пренесуваат светските агенции.

 

Европската унија против Јанукович и неговите блиски соработници во март воведе мерки со кои им се замрзнува имотот поради наводна корупција.

 

Новите украински власти проценуваат дека во време додека Јанукович бил претседател тој проневерил околу три милијарди долари.

 

Покрај Јанукович, ЕУ го замрзна имотот и воведе забрани за патување за поголем број украински и руски функционери поради нивните улоги во украинската криза, која започна откако Јанукович одби да го потпише договорот за придружување на земјата кон Европската унија, по што беше симнат од власт од страна на прозападните демонстранти./крај/мф/ап

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Дуда би го сменил полскиот Устав за да забрани геј двојките да посвојуваат деца

Објавено пред

Една недела пред вториот круг на претседателските избори во Полска, претседателот во заминување Анджеј Дуда рече дека ќе се обиде да го промени Уставот за да им забрани на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предлог-законот ќе пристигне на разгледување во парламентот во понеделник, најави Дуда.

Неговиот либерален ривал во вториот круг на изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, исто така рече дека е против посвојувањето деца од истополови двојки, јави новинската агенција ПАП.

Пратеникот и ЛГБТ активист, Криштоф Смишек, го критикуваше Дуда дека предложил нешто што нема да добие потребно мнозинство во парламентот.

„Тоа е обид да се мобилизира страв со цел да се соберат гласови“, рече Смишек.

Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Трзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9 проценти од гласовите.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.

Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.

„Ќе мора да продолжиме да се носиме со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Така е и во другите земји со кои разменуваме информации, како на пример Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра во брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Остерајх“.

Тој нагласи дека кога има инфекција, заболените треба што поскоро да се изолираат за да се прекине синџирот на пренесување, што е направено, на пример, во покраината Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.

Канцеларот посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и оти пандемијата продолжува.

„Иако времето е убаво и учебната година заврши, мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено одржувањето на физичко растојание“, рече Курц.

Прикажи повеќе...

Европа

Стапија на сила контроверзните измени на рускиот Устав

Објавено пред

Промените во рускиот устав, вклучително и амандманот што ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да управува со земјата до 2036 година, стапија на сила денеска, откако беа потпишани лично од Путин.

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени на гласањето кое заврши во средата. Скоро 78 проценти од гласачите кои учествуваа на референдумот ги поддржаа промените.

Официјален Кремљ резултатот го нарече триумф, додека критичарите го сметаат референдумот за нелегален и нелегитимен. Независните набљувачки мисии оценија дека гласањето во најголем дел било обележано со неправилности.

Организацијата за европска безбедност и соработка не беше набљудувач на референдумот, како што инаку е практика на изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности во гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуда.

Покрај тоа што измените во Уставот му овозможуваат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку тој се кандидира и победи на изборите, со нив исто така сите поранешни руски претседатели добиваат имунитет од судско гонење.

Исто така, според новиот Устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик исто така станува уставна категорија, а во текстот се споменува и вербата на Русите во Бога, но земјата и натаму ќе остане секуларна држава.

Забрането е и руска територија да се отстапува на други земји, одредба која аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион9 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава10 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет11 час

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт12 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија12 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ13 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија15 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија15 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ16 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа17 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет18 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет1 ден

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 дена

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија2 дена

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа2 дена

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт2 дена

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Досие