Европа
Јунекер: Brexit-от е резултат и на системско дезинформирање за ЕУ
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер тврдеше во вторникот во Европскиот парламент дека ЕК не може да биде одговорна за исходот од референдумот со кој Велика Британија ја напушти Европската унија, како и дека тој резултат треба да се припише и на долгогодишното создавање негативна слика за ЕУ „базирана на измислици“.
„Се лажеше со децении и резултатот го имаме пред себе“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер пред пратениците во Европскиот парламент на крајот од дебатата за заклучоците од состанокот на Европскиот совет одржан на 28-ми и 29-ти јуни посветен на британското излегување од Европската унија. Притоа Јункер тврдеше дека со децении систематски се промовирал ставот дека ЕУ е проект насочен против народите и нивните суверенитети.
„Се измислува и натаму“, продолжи Јункер велејќи дека последните денови чита дека претседателот на Европската комисија бара сите членки на ЕУ да го воведат еврото.
„По децениите антиевропска пропаганда и мноштвото лаги не треба да се чудиме зошто луѓето гласале како што гласеле. Не зборувам само за британските медиуми. Читам оти мислам дека на сите треба да им се воведе еврото, но на тоа ниту помислувам. Делка сум ја повикал Шкотска, што не е вистина. Или дека сакам да ги укинам државите, а познато е дека секогаш зборувам дека ЕУ мора да ги почитува националните држави. Предупредувам да ги избегнуваме поедноставените расправи кои се во тек. На крајот, против сум ревизиите на договорот коишто би ја продлабочиле веќе постојната поделба“, порача Јункер.
Референдумот во Обединетото кралство не може да биде основа за процена и обликување на политиките на ЕУ, бидејќи тука не се работеше за еврото или политиките на штедење на еврозоната, бидејќи Обединетото Кралство го нема еврото, а исто така, не може да се каже дека станува збор за прашања како Шенген, заедничката европска одбрана или војска, бидејќи ниту нив Британците ги немаат, оцени Јункер.
Во врска со самата расправа во Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија забележа дека делумно и не била директно врзана за британското излегување, туку некои пратеници ја користеле за да го кажат она што и инаку го зборуваат критикувајќи ги европските институции и Комисијата или повикувајќи ја Комисијата на одговорност.
„Мојата Комисија е создадена за да работи на реформи. Тоа е нашиот мандат и ќе продолжиме да работиме. Не дозволувам некој сега да ме уверува дека отна што сме го правеле е погрешно, бидејќи сега го имаме Brexit“, одговори Јункер на некои од говорите на европските парламентарци.
„Граѓаните бараат модернизација на европските институции и ние се откажавме од 100 законски предлози и проследивме само 23, токму за да ја ограничиме бирократијата. Понекогаш токму државите членки и парламентот бараат интервенција на Комисијата во прашања кои не се во нашата надлежност“, додаде Јункер./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.