Европа
Јункер го претстави новиот тим на Европската комисија
Идниот претседател на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во петокот ги претстави кандидатите кои ќе го сочинуваат новиот тим на Европската комисија (ЕК), но без притоа да прецизира каква ќе биде распределбата на ресорите внатре во Комисијата, нешто што ќе биде познато кон средината на идната недела.
Идниот претседател на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во петокот ги претстави кандидатите кои ќе го сочинуваат новиот тим на Европската комисија (ЕК), но без притоа да прецизира каква ќе биде распределбата на ресорите внатре во Комисијата, нешто што ќе биде познато кон средината на идната недела.
Според портпаролката на Јункер, Наташа Берто, кандидатите биле избрани врз основа на своите способности и проценката околу тоа како ќе се вклопат во неговиот тим.
Членовите на тимот на Јункер се: Италијанката Федерика Могерини, Литванецот Витенис Андриукаитас, Естонецот Андрус Ансип, Шпанецот Мигел Ариас Канте, Гркот Димитрис Аврамопулос, Полјакињата Елжбиета Биенковска, Романката Корина Крецу, Летонецот Валдис Домбровскис, Бугарката Кристалина Георгиева, Хрватот Невен Мимица, Австриецот Јоханес Хан, Британецот Џонатан Хил, Ирецот Фил Хоган, Чехињата Вера Јурува, Финецот Јурки Катаинен, Швеѓанката Сесилија Малстром, Португалецот Карлос Моедас, Французинот Пјер Московици, Унгарецот Тибор Наврачиш, Германецот Гинтер Итингер, Словакот Марош Шефчович, Кипарецот Христос Стилианидес, Белгијката Мариан Тисен, Холанѓанецот Франц Тимерманс, Малтежанката Кармен Вела и Данкињата Маргрет Вестагер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.