Европа
Јункер ќе носи црнина ако Лепен стане претседателка на Франција
Претседателот на Европската комисија, долгогодишниот поранешен премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер, вети дека ќе носи црнината доколку на француските претседателски избори победи челничката на крајната десница Марин Лепен.
„„Тогаш ќе носам црнина!“, рекол претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на прашањето што ќе стори доколку Марин Лепен стане претседателка на Франција, во разговорот за германската јавна телевизија ZDF снимен во вторникот вечерта во Брисел.
Сите анкети досега ѝ даваат предност на челничката на партијата од крајната десница Национален фронт (FN), којашто ќе влезе во вториот круг на претседателските избори во 2017 година. Но според анкетите, најверојатно, во вториот круг ќе биде поразена,
Бидејќи француската левица е во распад и се разединува, кандидатот кој ќе ги претставува конзервативците има големи шанси за победа и на претседателските избори коишто ќе се одржат за помалку од шест месеци. Бидејќи единствена сериозна противкандидатка ќе му биде претседателката на партијата од крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, но вообичаено социјалистите во такви случаи ги предаваат своите гласови на конзервативците. Така се случи на последните регионални избори, кога по првиот круг во повеќето од половината локални совети и за градоначалници водеа кандидатите на Лепен. Победникот на изборите меѓу конзервативците ќе има оттаму голема шанса, бидејќи владејачките социјалисти имаат историска непопуларност што предизвика раздор на левицата.
Во разговорот со Јункер кој се водел на германски јазик, шефот на европското извршно тело, како и што редовно тоа го прави, ги критикува движењата кои ги нарекува популистички и кои остваруваат голем подем во Европа. „Популистите исфрлаат пароли, а ние мораме да даваме решенија“, се брани Јункер.
Според Јункер, влошувањето на ситуацијата во Европа потекнува, од како што често ја нарекува – „поликризата“, којашто се разгорела на Стариот континент и надвор од него./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.