Европа
Јункер порача Грција да не се потпира на него, Холанд повикува на компромис, министрите скептични за самитот
Претседателот на Европската комисија, Џан-Клод Јункер изјави дека на грчкиот премиер Алексис Ципрас ми порачал дека не треба да се потпира многу на него кога станува збор за избегнување на можноста да дефинитивно да пропаднат преговорите со доверителите, додека францускиот претседател Франсоа Оланд повика да се преземат сите мерки за да се постигне компромис до вонредниот самит за Грција во понеделник во Брисел, за кој министрите за финансии од еврозоната се скептични дека ќе донесе резултати во надминување на грчката должничка криза и избегнување на банкротот на земјата и евентуалното нејзино излегување од монетарната унија.
„Повторно го предупредив грчкиот премиер Алексис Ципрас дена не би требало да смета на тоа дека јас ќе помогнам да се спречи пропаѓањето на преговорите во кој и да е случај“, вели претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервјуто за саботното издание на германскиот магазин Der Spiegel од кое исечоци се објавени во петокот.
Челниците на држави и влади од еврозоанта ќе се обидат на вонредниот состанок во понеделник во Брисел да го избегнат банкротот на Грција. Оваа седмица во Грција граѓаните забрзано ги вадат парите од банкарските сметки, само преку банкомати изминатите четири дена се извадени околу 1,5 милијарди евра и паднаа владините приходи, додека Атина и нејзините меѓународни доверители не успеваат да постигнат договор за нов пакет помош за Грција во замена за реформите што треба да ги спроведе.
Јункер, кој инаку се обиде да ги премости разликите меѓу Атина и нејзините доверители изминатите неколку месеци, вели дека владата на Грција очигледно погрешно ги сфатила неговите напори за наоѓање компромис.
Според него, Грците веруваат дека „постои некој во Европа кој на крајот може да го извлече зајакот од шапката, но тоа не е така“. „Не го разбирам Ципрас. Довербата што му ја дадов, не е еднакво возвратена“, вели Јункер.
Наместо да се жали на компромисните предлози на доверителите, Цибрас би требало да му каже на грчкиот народ дека Европската комисија му понудила инвестициска програма во вредност од 35 милијарди евра во периодот од 2015 до 2020 година, вели Јункер. „Да сум грчки премиер, јас тоа би го нарекол успех“, вели претседателот на Европската комисија и додава дека такво нешто не слушнал досега од Ципрас.
Истовремено францускиот претседател Франсоа Оланд повика да се преземе сé што е неопходно за да се постигне компромис за грчкиот долг на вонредниот самит на еврозоната во понеделник во Бирсел.
„Мораме да го искористиме времето коешто не дели до понеделникот, за да сториме сé преговорите да продолжат, дебатите да доведат до компромис, но компромис втемелен на европските правила“, рече Оланд во друштво на својот словачки колега Андреј Киска со кој имаше билатерална средба на маргините од регионалниот самит во Братислава.
Францускиот претседател подоцна во петокот ќе се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел. Самитот во понеделник навечер ќе биде „важен и не би сакал да се сретнеме за само да утврдиме дека не сме успеале“, нагласи Оланд.
Одржувањето на вонредниот самит на еврозоната во понеделникот за да се најде решение за грчката криза, ќе биде полезно само доколку Атина и нејзините доверители до тогаш ги приближат ставовите, оценија во петокот министрите за финансии на земјите од ЕУ.
„Свикувањето на самитот кои можеби нема да биде можно да се подготви доколку овој викенд не биде донесена одлука, мислам дека не е многу конструктивно“, изјави австрискиот министер за финансии, Ханс-Јорг Шелинг, по доаѓањето ан средбата на министрите за финансии на Европската унија во Луксембург.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го свика самитот на 22-ри јуни, веднаш откако во четвртокот навечер објави дека на состанокот на Еврогрупата не беше постигнат напредок.
„Би сакале конечните преговори да се одвиваат на највисоко политичко ниво на Европа и сега работиме на тоа тој самит да биде успешен и исходот позитивен“, објави во петокот кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Францускиот министер за финансии Мишел Сапен оцени дека самитот е „добро место за носење добра одлука“, но дека „самитот треба да биде подготвен, а пред нас има уште работа“. Литванскиот министер Римантас Садзиус потсети дека „договорот во прв ред мора да го постигнат грчките челници и доверителите“. „Потоа тоа може да биде одобрено на политичко ниво. Така нештата треба да функционираат“, рече. „Потребен ни е некаков предлог на маса за преговорите. Потребен е прво технички предлог, па средба на Еврогрупата, па потоа самит на еврозоната… Топката очигледно е на грчката половина“, порача финскиот министер Александер Стуб./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.