Европа
Јункер предложен за претседател на ЕК
Лидерите на 28-те држави члнеки на Европскат унија го предложија во петокот луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер за нов претседател Европската комисија, кој на таа функција ќе го замени досегашниот претседател Жозе Мануел Баросо.
Јункер е роден на 9 декември 1954 година во малото место Реданж во Луксембург во работничко семејство. Дипломирал право на универзитетот во Стразбур во 1979 година, а во 1980 положи за адвокат, но никогаш не се занимавал со таа дејност.
Јункер 19 години ја вршеше должноста премиер на Луксембург, од јануари 1995 година, па се до крајот на 2013 година. За време на премиерската функција, тој ги задржа ресорите министер за финансии и министер за труд, на кои беше именуван уште во 1989 година.
На пошироката јавност Јункер и е познат по тоа што десет години беше шеф на еврогрупата, форум составен од министрите за финансии на членките на еврозоната, кој по избувнувањето на финансиската криза стана едно од најважните тела во Евроспката унија.
Изборот на Жан-Клод Јункер треба да биде потврден и од страна на Европскиот парламент, што се очекува да се случи во средината на јули.
Британскиот премиер Дејвид Камерон на самитот на ЕУ во Брисел до последна минута се бореше против номинација на Јункер за прв човек на ЕК, а бритнаските медими во последните денови водеа валкана кампања против Јункер. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.