Европа
Камерон исклучи нов референдум, Британија сама ќе одлучува за излегувањето
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави во понеделникот дека одлуката на британските избирачи за излегување од Европската унија ора да се почитува и оти „Британија сама“ одлучува за тоа кога ќе го покрене процесот за излегување со активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор, и притоа ја исклучи можноста од одржување на спроведување повторен референдум за Brexit и покрај петицијата кој доби веќе над 3,5 милиони потписи.
Според портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон, спроведување на уште референдум „не е вклучено во краткорочните планови“, одговарајќи на продолжените повици владата да одржи уште еден референдум за членството во ЕУ, пренесува интернет весникот The Independent.
„Нема дилеми околу резултатот…. Владата утрово се согласи дека таа одлука мора да биде прифатена. Британската влада нема да го активира членот 50 во оваа фаза… тоа е наша суверена одлука и неа Британија ќе ја донесе самата“, истакна Камерот во парламентот.
Според членот 50 од Либанскиот договор, земјата која ќе се реши да ја напушти ЕУ е должна официјално да ги извести другите членки и пота почнува да тече двегодишниот период за преговорите. Меѓутоа, договорот не вели ништи кога таа земја мора да го испрати официјалното известување.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави претходно во понеделникот дека не сака да врши притисок врз Велика Британија да го забави или да го забрза излегувањето од Европската унија, но јасно истакна дека расправата за Brexit не може да почне додека Лондон официјално не го побара излегувањето.
Додаде и дека има разбирање за тоа оти на Британија ѝ е потребно време за да ја анализира својата ситуација, како и дека за тоа ќе разговара со Камерон на самитот на ЕУ во вторник во Брисел.
Камерон во британскиот парламент рече дека не би требало да има обиди да се блокира излегувањето на Британија вод ЕУ, како што најави меѓу другите шкотската премиерка Никол Старџен, бидејќи во Шкотска избирачите со голема разлика се одлучија за останување во Унијата.
Портпаролот на Шкотската национална партија (SNP), владејачка во оваа британска покраина, го предупреди Камерон дека неговата партија нема намера да гледа како Шкотска се извлекува од ЕУ против нејзината волја.
„Иако напуштањето на ЕУ не е патот што го препорачав, јас сум првиот кој ќе ја фали нашата неверојатна сила како земја. Додека го започнуваме спроведувањето на оваа одлука соочени сме со предизвици коишто таа несомнено ќе ја донесат, сметам дека траба цврсто треба да се држиме до визијата за Британија која сака да биде ценета во странство, толерантна дома, ангажирана во светот“, рече Камерон пред пратениците, пренесува Reuters.
Греам Бреди, челник на Комитетот 1922, тело на конзервативните пратеници во парламентот кое има важна улога во изборот на новиот партиски челник, изјави дека Комитетот препорачал постапката на избор на новиот челник на Конзервативната партија да почне следната седмица и да заврши најдоцна на 2-ри септември, Таа препорака речиси сигурно ќе биде прифатена.
„И конзервативците и земјата навистина сакаат сигурност… Ние мислиме дека би било добро да го заклучиме овој процес што е побрзо можно“ изјави Бреди за Sky News.
Рече, исто така, дека не би требало да се одржат нови парламентарни избори пред Британија да ги договори условите за излегување од Европската унија.
Сега погледите се вперени во поранешниот лондонски градоначалник Борис Џонсон, најистакнатиот поборник на излегувањето од ЕУ и фаворит за нов премиер. Меѓутоа, не го поддржуваат сите членови на партијата и многу велат „кој и да е само не Борис“, сметајќи ја неговата одлука да ја поддржи кампањата за излегување како предавство на својот поранешен сојузник Камерон, се наведува во медиумските извештаи.
Портпаролот на Камерон изјави дека премиерот нема да поддржи ниеден кандидат за претседател на владата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.