Европа
Камерон ќе ја почитува одлуката на британските избирачи за ЕУ
Доколку Британците гласаат за излегување од Европската унија на референдумот кој треба да биде организиран до крајот на 2017 година, британската влада ќе мора да ја почитува таа одлука, изјави во неделата британскиот премиер Дејвид Камерон.
Доколку Британците гласаат за излегување од Европската унија на референдумот кој треба да биде организиран до крајот на 2017 година, британската влада ќе мора да ја почитува таа одлука, изјави во неделата британскиот премиер Дејвид Камерон.
Испитувањето на јавното мнение чиишто резултати беа објавени во четвртокот, покажува дека повеќето од британските избирачи коишто одлучиле дека ќе излезат на референдумот ќе гласаат за излегување од Европската унија,
Премиерот Дејвид Камерон вели дека не смета дека излегувањето од ЕУ би била добра одлука, доколку се постигнат реформите на односите на Лондон со Брисел коишто тој ги осмисли.
„Британската јавност ќе ја донесе одлуката. Мораме да ја почитуваме, каква таа и да биде. Мислам дека излегувањето не е добар одговор… Доколку тоа биде одговорот, ќе мораме да сториме сé што ќе биде неопходно за тоа да функционира“, изјави Камерон за BBC.
На прашањето дали владата подготвува планови за можно излегување од ЕУ, Камерон вели дека има планови за преговори со Унијата и организацијата на референдумот.
„Администрацијата работи на тоа да ми помогне да го спроведам тоа. Но доколку тоа не го оствариме и доколку бидеме принудени да го промениме ставот, тогаш тоа ќе биде нова ситуација“, додава британскиот премиер.
Камерон, кој минатата седмица ги посети Германија и Унгарија за да разговара за своите предлози, изрази увереност дека е можно да се постигне договор за најконтроверзното прашања, она за ограничувањето на социјалните права за доселениците од земјите од ЕУ.
Изрази надеж дека договорот ќе биде постигнат на самитот на ЕУ следниот месец. Референдумот би можел да биде организиран и четири месеци потоа. Доколку, пак, изостане договорот во февруари, гласањето би можело да се одржи во септември „или подоцна“
„Содржината е многу поважна од роковите, па доколку нема да можеме да постигнеме договор во февруари, ќе причекам и ќе продолжам да се борам“, вели Камерон./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.