Европа
Камерон одлучи референдумот за Брегзит да не се одржи на денот на избори
Премиерот Дејвид Камерон објави дека референдумот за излегување на Велика Британија од Европската унија (Брегзит според British Exit) нема да се одржи на 5-ти мај 2016 година, на денот на локалните избори, што се толкува како отстапка на застапниците од неговата партија.
Се смета дека одлуката на британскиот премиер Дејвид Камерон претставува тактика за зачувување на единството на неговите конзервативци кои се поделени во ставовите кон Европската унија.
Камерон на мајските парламентарни избори вети дека со Брисел ќе преговара за новите услови за британско членство во ЕУ, пред референдумот за излегување кон крајот на 2017 година, но и дека би можел да го одржи референдумот и претходно, доколку успее да договори нови услови за британското членство.
„Ги сослушавме ставовите на застапниците и одлучивме дека нема да одржиме референдум на 5-ти мај 2016 година“, изјави портпаролот на владата по донесувањето на амандманот во понеделникот, пренесува BBC. На тој ден, имено, треба да се одржат избори за парламентите во Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Застапник Бернард Џенкин ја поздрави таа одлука и изјави дека изборите за референдумот на истиот ден би ги „збуниле“ избирачите.
Околу 50 од 330-те пратеници на британските конзервативци би сакале Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија, без оглед на тоа какви отстапки Камерон би успеал да издејствува во преговорите со Брисел, пишува во вторникот AFP. Додава дека повеќето конзервативни пратеници се евроскептици, но тие сакаат да го видот епилогот од преговорите пред да ја почнат кампањата за останување во ЕУ или за Брегзит. Повеќе од 90 пратеници ѝ се придружија на новата група „Conservative for Britain“, којашто би требало да ги подготви одговорите на можниот пакет реформи коишто Лондон би ги договорил со Брисел.
„Нема да ја почнеме кампањата за излегување, сакаме да го поддржиме премиерот во преговорите“, изјави Дејвид Кемпбел Банерман, копретседател на парламентарната група. Меѓутоа, предупреди дека „доколку преговорите не донесат задоволувачки резултати за групата, подготвени сме да тргнеме во кампањата за излегување“.
Евроскептиците сакаат британскиот парламент да добие право на вето на секој закон што доаѓа од ЕУ, меѓутоа министерот за надворешни работи Филип Хамонд, кој и самиот е евроскептик, ја отфрли таквата можност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.