Контакт

Европа

Камерон се подготвува за нова битка со Јункер

Објавено пред

Британскиот премиер Дејвид Камерон се подготвува за напнати преговори со новиот претседател на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер,  поврзани за британскиот кандидат за еврокомесар, Џонатан Хил.

 

Анонимни британски дипломати изјавиле дека Камерон од Јункер ќе бара важно економско портфолио за својот кандидат, односно еден од секторите за трговија, конкуренција, финансии, енергетика или внатрешен пазар.

 

Портпаролот на Јункер, Наташа Берто за порталот EurActiv изјавила дека новиот претседател на ЕК, и покрај несогласувањата во минатото со Јункер, сепак „не му должи ништо“ на британскиот премиер.

 

„Како што знаете, Јункер и Камерон имаа несогласувања во последните неколку месеци. Камерон е голем дипломат и Јункер ќе го сослуша. Но тој нему не му должи ништо“, рекла Берто.

 

Јункер и Камерон имаа сериозни несогласувања во однос на иднината на ЕУ, а се очекува за ова да се осврнат на работниот појадок во четврток во Брисел.

 

Новата на функција на поранешниот луксембуршки премиер во средата беше потврдена и од Европскиот парламент, а средбата на Камерон и Јункер ќе биде прва откако британскиот премиер јавно се обиде да го блокира назначувањето на Јункер, изразувајќи сомнеж дека тој ќе успее да го комплетира зацртаните реформи./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Кран висок 20 метри падна врз куќи во Лондон, едно лице загина

Објавено пред

Врз куќи во источен Лондон паднал кран висок 20 метри, при што загинала една жена.

Жената е пронајдена на првиот кат на една од оштетените куќи. Две лица завршиле во болница со повреди на главата, а уште две добиле полесни повреди.

Кранот паднал на две куќи и станбена зграда во изградба.

„Целиот покрив на мојата куќа беше срушен. Бев шокиран. Го отворив прозорецот со поглед на градината и видов еден голем црвен објект што паѓа врз нас. Истрчав надвор. Не знаев што да правам“, рече Мотиур Рахман за „Скај вести“.

„Само што излегов од бањата. Ако излезев секунда подоцна, вратата на мансардата ќе паднеше врз мене. Ако брат ми или сестра ми беа во своите соби, којзнае дали би преживеале. Сè беше уништено таму. Јас дури и не сакам да размислувам за тоа“, рече една станарка.

Кранот го користела компанијата Swan Housing Association & NU living.

Портпаролката на компанијата изјави дека Swan Housing Association & NU living е свесна за инцидентот што се случил и дека нивна екипа е на местото на настанот.

Прикажи повеќе...

Европа

Италија ќе ги следи отпадните води за рано предупредување од нов бран на коронавирусот

Објавено пред

Италија планира да ги следи отпадните води во целата земја за евентуално рано предупредување за ширење нов бран на коронавирусот, објави Националниот здравствен институт (ISS).

Следењето на отпадните води ќе се фокусира на приоритетни области, како што се туристичките одморалишта, во првата фаза, која ќе трае во текот на јули. Во октомври ќе почне да се шири во сите италијански градови.

Проектот, координиран од ISS, ќе биде спроведен од регионални агенции, локални здравствени власти, универзитети и 50 комунални претпријатија. Примероците од вода ќе бидат анализирани за да се откријат траги од вирусот кај популацијата.

„Овој пристап ќе може да предвиди каде циркулира вирусот“, рече Лука Лукентини, директор на одделот за квалитет на водата на ISS.

Во јуни ISS објави дека научниците пронашле траги од коронавирусот во отпадните води на Милано и Торино во декември 2019 година посочувајќи дека Ковид-19 циркулирал во северна Италија дури и пред Кина да ги потврди првите случаи на инфекција.

Истражувањата во Холандија, Франција и на Австралија исто така откриле траги од вирусот во канализацијата, па многу земји почнале со анализи на отпадните води за следење на болеста.

Италија е една од земјите што е најтешко погодена во пандемијата со 242.114 заразени и 34.914 мртви.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија2 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ3 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија4 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет5 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион5 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет8 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион8 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ8 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија9 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион10 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија11 час

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион11 час

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија11 час

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион21 час

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион22 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион23 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет1 ден

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион1 ден

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Досие