Контакт

Европа

Каталонците бараат право на изјаснување за независноста

Објавено пред

Стотици илјади Каталонци се подготвуваат подоцна да излезат на улиците на каталонската престолнина Барселона, за да го побараат правото за отцепување на Шпанија, известува Reuters и додава дека надежите на населението на оваа шпанска покраина во борбата за независност дополнително се зголемија поради претстојниот референдум за независноста на Шкотска.
 

dobivaj vesti na viber

Стотици илјади Каталонци се подготвуваат подоцна да излезат на улиците на каталонската престолнина Барселона, за да го побараат правото за отцепување на Шпанија, известува Reuters и додава дека надежите на населението на оваа шпанска покраина во борбата за независност дополнително се зголемија поради претстојниот референдум за независноста на Шкотска.

 

Околу половина милион Каталонци се очекува да минат низ Барселона облечени во црвено-жолто, во боите на каталонското знаме, и ќе го формираат знакот „V“ (за гласање), за да ја искажат својата поддршка на правото да решаваат за сопствениот статус. Каталонија е најбогатиот регион на североистокот на Шпанија, со сопствен јазик и култура,

Движењето за независност на Каталонија значително зајакна последните децении и дополнително доби на сила поради економските кризи кои тешко ја погодија Шпанија. Покрај тоа, многумина во покраината се револтирани од оглушувањата на централната влада во Мадрид на незадоволството на Каталонците.

Каталонската регионална влада, која има голем степен на автономија, повика на референдум за отцепување кој ќе се одржува на 9-ти ноември, но официјален Мадрид тврди дека тоа изјаснување нема правна заснованост и дека не може да се одржи.

„Ние сакаме да одлучуваме за нашата иднина. Не разбираме зошто тоа постојано се оспорува. Шкотска ни е пример“, рекол во анкетата на Reuters Виктор Паниела. „Тоа би претставувал триумф на народот, доколку ни дозволат да гласаме. Доколку живееме во демократија, би требало да имаме право на тоа“, изјавил 58-годишен градежен работник од местото Монсерат.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Каталонија од 13,9 отсто во март 2006 година, се зголемила на 45,2 проценти во март 2014 година, што значи дека тројно се зголемила. Мадрид, меѓутоа, кој силно се спротиставува на каталонскиот национализам, го проблематизира начинот на кој се спроведувани тие анкети. Според резултатите од некои анкети пролетта 2014 година, пак, дури 59,6 отсто од населението во Каталонија сака независност од Шпанија, како и овој регион да стане и нова држава членка во Европската унија, додека во јануари 2013 година процентот Каталонци кои го поддржуваа осамостојувањето изнесуваше 52 отсто.

Кон средината на март 2014 година, Уставниот суд на Шпанија делумно ја поништи декларацијата за сувереноста на Каталонија којашто ја изгласа тамошниот парламент уште во јануари 2013 година. Судот донесе одлука според којашто референдумот за отцепување не е во согласност со законот, како и дека регионот во составот на Шпанија не можат еднострано да распишуваат плебисцит за самоопределување.

Каталонскиот парламент на 23-ти јануари 2013 година со мнозинство гласови ја усвои декларацијата за статусот на Каталонија како „суверен правен и политички ентитет”, што го отвори патот во 2014 година да биде спроведен референдум за иднината на покраината. Сепак, за законитоста на таквиот референдумот е уште едно големо прашање, откако ланскиот мај Уставниот суд на Шпанија го прифати барањето на централната влада на Шпанија да го суспендира дејствието на каталонската декларација.

Причина за остриот раст на сепаратистичките тенденции во Каталонија се проблемите во економијата, со оглед на финансиската и економската криза во Шпанија. Застапниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија веруваат дека економски развиениот регион, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, кој има удел од 20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на кралството, го издржува остатокот од Шпанија. Каталонците сметаат дека тие и повеќе уплаќаат во заедничката каса отколку што им се враќа и дека добиваат во форма на грантови и исплати помал износ од 16 милијарди евра годишно, што е еднакво на 8 отсто од регионалниот БДП.

Меѓу населението на Каталонија владее уверување дека не треба да се толерира таквата неправда и дека е време да престанат да плаќаат за грешките на економските политики Мадрид.

Централната власт на Маријано Рахој остро ја осудува идејата за независност на Каталонија и во неколку наврати самиот премиер изјави дека ќе направи сѐ што е можно за да се спречи отцепувањето. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот. Мадрид, исто така, може да го примени правото на укинувањето на автономното управување на регионалните влади, а во согласност со членот 8,1 од Уставот да ја искористи армијата за заштита на унитарноста на земјата.

Покрај тоа, на сепаратизмот се спротиставуваат и делови од каталонската бизнис заедница коишто стравуваат од губењето на важниот за нив шпански пазар и неподготвеноста на Европската унија за прием на нова членка.

Според водечките политичари во Каталонија ќе биде најсоодветно да го има статусот како членка на Европската унија. Каталонија, на тој начин, се обидува да се здобие со статусот на европска нација со истите овластувања како што се предвидени за, на пример, Данска, Словенија, Финска, Естонија, Литванија и Латвија. Како и Шкотска во Велика Британија, Фландрија во Белгија или Паданија во Италија, и Каталонија верува дека подобро ќе живее како самостојна држава којашто не мора да ги финансира посиромашните региони.

Во моментов Каталонија е најзадолжената од 17-те шпански автономни региони. Но Каталонија е првиот економски извозник во Шпанија со 28 отсто од шпанскиот извоз, „доколку Каталонија е држава, би биле меѓу првите 50 земји извозници на светот”.

Заканите со отцепување на севеористочната шпанска покраина со 7,5 милионско население, претставува голем предизвик и проблем за шпанскиот премиер Маријано Рахој кој се бори со големите економски проблеми.

Како и другата шпанска покраина со сепаратистички тенденции Баскија, и населението на Каталонија има засебен јазик и култура од остатокот од Шпанија. Меѓутоа јакнењето на рецесијата во Шпанија, и невработеноста од 25 отсто и драстичните мерки за штедење, во Каталонија ги засили тенденциите за самостојност.

Меѓутоа и Каталонија премногу трошеше во децении од градежниот бум кој траеше до 2007 година кога градежниот балон се издува, и повеќе не може да се задолжува на пазарите, бидејќи нејзиниот кредитен рејтинг е оценет како „ѓубре”. Поради тоа Каталонија мораше да побара пет милијарди евра од Шпанија за да ги плати доспеаните долгови.

Во 2009 и 2010 година во Каталонија се одржа серија неформални референдуми во малите општини, за кои не се водеше кампања. Во едната серија, што се одржа на 12-ти и 13-ти декември 2009 година, учествуваа 27 отсто од вкупниот број гласачи, а од нив 94,9 отсто гласале за независност на Каталонија.

Каталонците за проблемите ја обвинуваат владата во Мадрид, а не своите лидер. Според анкетите спроведени во 2012 и минатата 2013 година, меѓу 46 и 57 отсто од избирачите сакаат независност и се очекува дека Мадрид ќе мора да ја почитува нивната одлука за самоопределување. Меѓутоа, Мадрид предупредува дека каталонскиот пат до независност не води никаде и дека во тој случај Барселона би морала да аплицира за прием во Европската унија. Економистите тврдат дека брзото одвојување од Шпанија ќе придонесе за голема економска штета./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина

Објавено пред

По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.

dobivaj vesti na viber

„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.

„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.

Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.

Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.

Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.

Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.

Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.

Прикажи повеќе...

Европа

Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана

Објавено пред

Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.

Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.

Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, Брисел си игра со оган

Објавено пред

Западот е на чекор од испраќање војници во Украина и  во Брисел владее провоено мнозинство, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

„Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војна, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.

Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави HirTV.

Пари, пари, оружје, но состојбата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија1 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија1 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија6 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија7 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија7 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија10 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија12 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет12 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет13 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија13 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет14 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет14 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија23 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија23 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...