Европа
Конзервативците и социјалистите ја урнаа Лепен која повика на борба против „агонизираниот режим“
Треба поактивно да продолжи борбата со „режимот во агонија“, порача во неделата вечерта челничката на француската партија од крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, откако беше јасно дека е поразена во вториот круг од регионалните избор и покрај надмоќната победа во првиот круг благодарејќи на сојузот меѓу лутите противници конзервативните Републиканци на поранешниот претседател Николас Саркози и владејачката Социјалистичка партија на актуелниот шеф на државата Франсоа Оланд.
Благодарејќи на традиционалното сојузување на десната партија Републиканци (поранешна UMP) и левата Социјалистичка партија за да се оневозможи победата на крајната десница Национален фронт, според првичните резултати, иако во првиот круг водеше во 6 од 13 региони, партијата на Марин Лепен не успеа да победи во ниту еден.Според истражувањата на јавното мислење објавени во четвртокот, дури 75 отсто од анкетираните гласачи на социјалистите се изјаснија дека ќе гласаат за своите историски противници, Републиканците, за да спречат триумф на Националниот фронт.И покрај големото водство по првиот круг на 6-ти декември со по околу 40 отсто во трите клучни региона, лидерката и европратеничка Марин Лепен не победи во северниот Нор-Па-де-Кале-Пикарди, како ни нејзината внука пратеничката во француското Национално собрание Марион Марешал-Лепен во јужниот Прованса-Алпи-Азурен брег, и стратегот на партија Флориан Филипо во источниот регион Алзас-Шампањ-Ардени-Лорен, благодарејќи во прв ред на одлуката на социјалистите да ги повлечат своите кандидатски листи и на отворениот повик нивните членови и симпатизери да гласаат за листите и кандидатите на Републиканците. Самата Марин Лепен е поразена со 42,3 отсто од гласовите, од републиканецот Ксавеир Бертран, кој освои 57,7 отсто од гласовите. Така, според привичните резултати Републиканците победија во пет региони, односно освоија еден повеќе од првиот круг, а социјалистите победиле во три, додека по првиот круг имаа водство во две. На Корзика најверојатен победник е левата коалиција која имаше убедлива предност по првиот круг. Конечните резултати треба да бидат соопштени од страна на министерството за внатрешни работи до понеделник утрото.Францускиот социјалистички премиер Мануел Валс изјави делка поразот на Националниот фронт „не значи дека опасноста е отстранета“. „Вечерва немаме причина за триумфализам. Опасноста што ја претставува крајната десница не исчезна, напротив“, додаде Валс кој пред вториот круг изјави дека „на Франција ѝ се заканува граѓанска војна“ доколку победи Националниот фронт, чија партија и покрај сé се смета за најголеми губитник на овие избори, откако во првиот круг беше трета освојувајќи само малку над 22 отсто на национално ниво. Лепен, пак, изјави дека поразот не ја обесхрабрил и им порача на своите приврзаници дека „растот на крајната десница е незапирлив“. Националниот фронт, кој е противник на Европската унија и на доселеничките политики, е формиран во 1972 година, со учество на Жан-Мари Лепен, таткото на актуелната лидерка на којашто ѝ го отстапи местото во 2011 година, од кога партијата бележи постојан пораст на популарноста.Лепен искажа благодарност до шесте милиони Французи кои гласале за нејзината партија, и на неколкуте стотици илјади кои дополнително гласале за Националниот фронт во вториот круг.„Им честитам на сите кои издржаа пред заплашувањата и манипулациите. Изјавите и активностите на извршната власт во периодот меѓу двата круга се алармантни и го поставуваат прашањето за опасноста од агонизираниот режим“, обвини Лепен.Таа оцени дека, сепак, и овој пораз за партијата „во секој случај“ претставува голем чекор напред. Националниот фронт е на чело на десетина градски управи, но никогаш не водел регион.„Во споредба со претходните регионални избори од 2010-та, бројот на гласовите за нашите листи се зголемија од 9,17 на 30 отсто за пет години. Со тројно поголемиот број на регионални советници, Националниот фронт станува главната опозициска сила во регионалните совети низ Франција“, порача Лепен и додаде дека партијата „ќе остане блиска до народот“ подготвувајќи се за претседателските и парламентарни избори во 2017 година.„Нашата земја е исправена пред животниот избор – глобалисти против патриоти. Во нашата борба за идентитетот на Французите и на Европејците во служба на Вечната Франција, ве повикувам следните седмици да ни се придружите. Низ целата земја ќе бидат формирани наши комитети, подготвени да ги прифатат сите Французи од какво и да е потекло, кои сакаат да земат учество во обновувањето на нашата земја“, рече Лепен навестувајќи нова стратегија и отворање кон нови групи француски граѓани што на Националниот фронт ќе му овозможи да ја мине пречката втор круг.Според политикологот Жан-Ив Ками, резултатот од вториот круг од регионалните избори пред претседателските во 2017 година „потврдува дека Националниот фронт се наоѓа во ќорсокак“. „Тоа е одлична партија во првиот круг, но натаму од тоа не може“, додаде./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.